2008-12-12 11:51:57

Бенедикт XVI на генералната аудиенца: “Христос е почеток на една нова историја за човекот”


Никој не станува христијанин од самиот себе, ама само во средба со Исус Христос: тоа го потцрта Бенедикт XVI на генералната аудиенца која беше во салата Paolo VI. Папата им понуди на верните една катехеза од поучувањето на Свети Павле околу новоста донесена од Исус во човечката историја. Позастана и на длабокото значење на Крштевањето и Евхаристијата како мистично Тело на Црквата, главна тема во дотрината на Свети Павле.


Злоупотребата на слободата која оди против вистината и божјата волја, која ја валка нашата човечка реалност посебно фондаменталната релација: кон Бога, помеѓу човекот и жената, човекот и природата. Бенедикт XVI ја започна својата катехеза со оваа констатација и веднаш потцрта како тоа “загадување” надминато од Исус Христос. Со Него, поучува Свети Павле, човечката историја има нов почеток:


Со него, којшто дојде од Бога, почнува една нова историја, формирана од неговото “да” кажано на Отецот, формирана не од гордоста од една лажна еманципација, туку од љубовта и од вистината”.


Но како, се праша Папата, Исус доаѓа во мојот живот, како го преобразува? Одговорот на Свети Павле е посредство на Светиот Дух, кој на Педесетница створи ново човештво. Светиот Дух кој навистина створи една нова заједница, ја надмина поделбата користејќи две елементи: објавување на Словото и Сакраментите, посебно Крштевањето и Евхаристијата. Со тоа Папата подцрта, дека верата не е плод на нашата мисла, ама е дар од Бога.


“Верата не доаѓа од читањето, туку од слушањето. Тоа не е само нешто внатрешно, туку една релација, претпоставува средба, претпоставува постоењето на другиот што известува и прави заедништво”.


Никој неможе да стане христијанин од самиот себе, размислуваше Бенедикт XVI. Само Христос може да ја изгради Црквата. И од Црквата може да ја добиеме верата. Потоа своето мислење го насочи на Крштевањето. Тоа Таинство, одбележа, е повеќе од едно миење. Тоа е Смртта и Воскресувањето. Од другата страна, продолжи Папата, истотака и материјата е дел од Таинството. Христијанството не е нешто чисто духовно, зошто го вклучува и телото, Папата стави акцент на радикалната новост претставена од христијанството.


“Да станеш христијанин е повеќе од една козметична операција, којшто би добил нешто убаво од едно постојање повеќе или помалко веќе комплетирана. Е еден почеток на препородба, смрти вокресение”.

Папата го продолжи своето размислување за Евхаристијата како е видена од Свети Павле. Ветувањето на Новиот Завет, кажа, се реализира во жртвата на љубовта на Исус Христос. Но какво е длабокото значење на Евхаристијата?;
 
“Славењето на Евхаристијата значи дека Христос се дава самиот себе, својата љубов, за да се собрази самиот себе и така да го направи новиот свет”.


Бенедикт XVI се задржа на димензијата на заедништвото во Светата Евхаристија. Христос, потврди, се соединува со секој од нас, истотака кој е на мене ближен, така не соединува сите во него. Еве зошто, објасни, една Евхаристија без солидарност со другите е една Евхаристија злоупотребена. Од тој заклучок, дополни Светиот Отец, можеме да го најдеме значењето на дотрината на Свети Павле за Црквата како Телоì


Црквата не е само една корпорација како државата. Е едно тело, не е организација ама е еден организам”.


На крајот Папата своето внимание го насочи за бракот, кажа, да биде автентичан и добро живеан, во постојано растење на човечката привлечност, ќе остане секогаш поврзано со ефикасност на Словото и на значењето на Крштевањето. Колку до “ теологијата на помирувањето” на Бракот во Свети Павле, објасни Бенедикт XVI- Има “една взаимност, која што се оцртува во едно вертикално помирување: заедничкото потчинување треба да се најде заеднички јазик на љубовта, чии што модел е љубовта на Христос кон Црквата”.

На крајот ги поздрави групите поклоници, Папата ги повери на Блажената Дева Марија од Лорето, Чии што празник го славиме денес, младите, болните и младоженците.








All the contents on this site are copyrighted ©.