2008-12-01 11:29:26

Папата се загрижи за одолговлечувањето на ослободувањето на двете чесни сестри од Италија, киднапирани во Кенија


Папата „со загриженост“ ја следи ситуацијата околу одолговлечувањето за ослободување на двете италјански чесни сестри, сестра Марија Тереза Оливеро и сестра Катерина Џираудо, кои повеќе од 15 дена се заложени во Кенија, „каде се доста познати по нивната великодушна работа во корист на сиромашните“. Тоа го изјави директорот од новинарскиот уред при Светата Столица, отец Федерико Ломбарди. Папата – рече ватиканскиот гласноговорник – “со молитвата е близу на страданијата не само на двете чесни сестри туку и на нивните семејства и на ’Мисионарското контемплативно движење, Отец Фуколд (Padre de Foucauld)’ – ред во кој самите припаѓат. Посакувам – заврши о. Ломбарди – оваа болна тешка и неправедна ситуација, во која жртви се оние поготово невините и најзалужените, би се можела да се реши што е можно побрзо“.








All the contents on this site are copyrighted ©.