2008-12-01 11:33:24

Католикос Арам I: светот има потреба од заедничкото сведочење на христијаните



Ерменската Црква и Римската Црква треба да го следаат патот на истата вера во Исуса Христа за да дадат заеднички христијански одговор во една ера која е обележена од хуманитарни кризи и од маргинализација на духовноста. Тоа го рече Католикосот на ерменската апостолска Црква од Сицилија, Арам I, кога пред некој ден одржа конференција за новинарите во седиштето на Ватиканската емисија. Повеќе од разговорот на Католикос Арам I:


Ерменскиот Католикос ги наговори (опомена) христијаните заедно да учествуваат во одговорот на актуелните предизвици: „Живееме во свет – рече Арам I – каде Црквите не можаат да останат рамнодушни или да ги премолчаат проблемите и кризите. Ние мора да работиме заедно“. Оваа дело – продолжи Арам I – се темели на заедничкото наследство: „темелите на Црквите се исти“. Црквите се управувани „од истата вера во Исуса Христа, од истата визија, истото сведочење и мисија“. Затоа приоритетот е да се оживее оваа заедничка основа: „Риевангелизацијата на христијанските заедници е од голема важност“затоа што живееме во ера обележена „од маргинализација на традицијата и на христијанската духовност“. Евангелието – додаде – „треба да влезе во секоја фамилија, во секоја школа и во животот на секоја личност“. Потоа Арам I спомна за масакрот кој пред 90 години турците оттомани го извршија врз ерменците: „геноцидот врз ерменците е историски факт„ кој не му треба ниту тумачења ниту дефениции. „Неговото признавање е важно за спречување на нови геноциди.“ Католикос исто така предложи да се установи „Ден за помен на заедничките христијански маченици“ и додаде дека „заедничкото прославување на Велигден“ би бил „видлив знак за единство“ на Црквите. Одговорувајќи на едно прашање за можниот влез на Турција во Европската Унија, Католикосотна ерменците  од Сицилија на крајот рече дека Европа е „заедница на вредности“ кои се зброени во христијанскиот морал и треба да бидаат признаени од оној кој има намера да влезе.








All the contents on this site are copyrighted ©.