2008-11-25 16:19:45

Папата на свечениот празник Христос Цар: Доколку секој мисли за своите интереси светот оди во пропаст


Господ не знае што да прави со лицемерните форми на побожност , кога се занемарат неговите заповеди: тоа го рече Папата вчера за време на Ангеловиот Поздрав каде ја спомна Свеченоста на нашиот Господ Исус Хрисос Цар на целиот свет, коментирајќи ја беседата за последниот суд. После Мариината молитва посебно ја напомениа беатификацијата на 188 маченици која се одржа  во Јапонија. Потоа напомена за страшната глад која ја погоди Украина пред 75 години, и на крај годишница за полската програма во радио ватикан, која денес  слави 70 години од првиот пренос.


„Вистината за нашата последна судбина и за критериумот со кој ќе бидеме проценети (пресметана нашата вредност) е“: пораката од евангелието – објаснува Папата – т.е. како што ја дефинира „прекрасната беседа за последниот суд“. Со таа цел наведува неколку многу важни примери:


„Бев гладен и ме нахранивте, бев жеден и ми дадовте да пијам, бев туѓинец и ме прибравте ... (Мт 25,35) итн. Кој не ја знае оваа странуца? Таа е дел од нашата цивилизација. Ја означи историјата на народите од христијанска култура: хиерархијата на вредности, институциите, многубројните добротворни и социјални дела.“


Царството Божје, како што рече Исус не е од овој свет и всушност Исус ја одби царската титула кога се зборуваше во политичка смисла, но – потврди Папата – царството Божје „исполнува, фала на Бога, се’ што е добро во човекот и во историјата“. Папата ја прецизираше својата препорака:


„Ако ја практикуваме нашата љубов кон ближниот, според евангелската порака, тогаш правиме место за господството на Бога, и Неговото царство се реализира помеѓу нас. Доколку секој се грижи само за спосптвените  интереси, светот ќе одтиде во пропаст.“


Папата рече дека „царството Божје не е прашање на чест и проводност, но, како што пишува св Павле, тоа е праведност, мир и радост во Светиот Дух“. Јасна и силна поука на која Папата додава и други размислувања: „На Господа најважно му е нашето добро, т.е. секој човек да има свој живот“, посебно Неговите најмали деца да би можеле да приступат на гозбата која Тој ја спремил за сите“. Потоа Папата објасни:


„Затоа, не знае што да направи со оние лицемерни „облици„  кои викаат „Господи, Господи“ а потоа ги занемарат неговите заповеди (Мт 7,21). Во Неговото вечно царство, Бог ги прима сите оние кои секојдневно настојуваат да го практикуват неговиот збор.“


После Мариината молитва, Папата Бенедикт XVI посебно напомена 2 моменти значајни за животот на Црквата:


„Во Јапонија, на 24 ноември, во градот Нагасаки, се оддржи беатификацијата на 188 маченици, јапонски  мажи и жени, убиени во првата половина на XVII век. Во таа прилика, значајна за христијанската заедница и за целата земја на ’Изгревот’, ја доверувам мојата духовна близина. Следната сабота, исто така (покрај тоа), во Куба за блажен ќе биде прогласен фра Жозе Олало Валдес, од Болничкиот Ред на св Иван Божји. Под негова небесна заштита го препорачувам кубанскиот народ, посебно болните и здравствените работници.“


Помеѓу поздравите на различни јазици, посебно ги поздрави поклониците од Украина, напоменувајќи дека овие денови е 75-годишнината од големата глад која во 1932-33 за време на комунистичкиот режим донесе милиони мртви во Украина и во другите региони од Советскиот Сојуз. Папата ја доверува својата молитва за жртвите претскажувајќи дека „ниедна политичка наредба (закон) не може повеќе, во име на некоја идеологија, да ги негира правата, слободата и достоинството на човекот“ и ги повика нациите „да настават по патот на помирување и да ги изградат сегашноста и иднината во взаемен почит и во искрено трагање на мирот“.


Потоа ја поздрави полската секција од ватиканското радио кој денес на 24 ноември слави 70 годишнина од нејзината активност. Папата ја изрази својата благодарност на уредниците за нивната великодушна работа. На крај, срдечно ги поздрави поклониците од италјански јазик, посебно диригентите и пеачите од Италјанското Здружение Света Цецилија, кој го одржа својот состанок со посебен концерт, покрај базиликата Св. Павле (fuori Mura) надвор од Зидовите. Ги поздрави исто така двете здруженија ОАРИ и АВУЛСС, кои се приклучени во волонтаријатот за болни и за страдалници, како што се верниците од Њу Хамптон, Реџо Калабрија, Авола, Приоло и Валелунга. На останатите, Папата им посака пријатна недела.








All the contents on this site are copyrighted ©.