2008-11-21 10:02:00

Љубовта кон Бога и ближниот го исполнува Законот Божји: рече Папата на генералната ауденција посветена на доктрината за оправдување според св. Павле


„Целиот Божји Закон е присутен и исполнет во љубовта кон Бога и ближниот: беше темата на папата Бенедикт, одржана на 19 ноември на плоштадот св. Петар, за време на ауденцијата посветена на оправдувањето според св. Павле. За Апостолот на Народите, рече папата, верата никогаш не е спротивна на милоста, туку е облик Христов, според кој навистина сме оправедни. Пред повеќе од 20 илјади поклоници, присутни на ауденцијата, Папата го објасни односот помежу добрите дела и верата во Павловите Посланија. Во Посланието до Филипјаните, св. Павле, по неговото преобраќање, ни дава сведоштво за преминот од една правда базирана врз Законот во правда базирана врз верата во Христа“:
„Тој сфатил дека сето тоа што дотогаш го беше заработил, всушност во Божјите очи беше губиток и тогаш одлучил целиот свој живот да го обложи врз Исуса Христа.“
Св. Павле ако, пред да се сретне со Воскреснатиот, гледаше во себе човек со многу голем успех, „беспекорен на правдата која произлегува пд законот“, сега осветлувањето на патот кон Дамаск радикално му го промени животот:


„Токму поради тоа лично искуство, во односот со Исуса, св. Павле во центарот на неговите Евангелија поставува непоколеблива опозиција помеѓу две алтернативи кон правдата: едната основана врз делата од Законот, а другата заснована врз милоста на верата во Христа.“


Тие доаѓаат од оние обичаи, запишани во законикот во прирачникот на однесување, т.е. од ’Тора’ во целост – петте книги Мојсееви:


„Да се биде праведен значи едноставно да се биде со Христа и во Христа. Тоа е доволно. Нема потреба повеќе од други забелешки.“


Меѓутоа, Папата наведе, оваа ослободување од ритуалните и култните обичаи не значи слобода на мислење, ослободување од моралот, како што мислеле некои од заедницата во Коринтската црква:


„Очигледно е дека погрешно е оваа тумачење: христијанската слобода не е слобода на мислење, ослободувањето за кое зборува св. Павле не е ослободување од правење добри дела.“


Од друга страна, објасни Папата, овие прописи, од обрезувањето до упатството за чиста храна, изразуваа религиозен и култен идентитет во Израел посебно загрозена од еленстичката тогашна окупаторска култура. Против оваа култура, привидно рационална, се барало начин да се подигне штит, еден одбрамбен зид. Самиот св. Павле ги прогонува христијаните зашто во нив гледа закана на Израелскиот идентитет. Меѓутоа се’ се менува со Христовото Воскресение:


„Со Христос, Богот Израилски, единствениот вистински Бог, стана Бог на сите народи. Во Посланието до Ефесјаните пишува дека не е потребно повеќе да стои зид помеѓу Израилот и поганите: Христос е тој кој не заштитува од политеизмот и сите негови девијации;  Христос е тој кој не’ соединува со и во единиот Бог; Христос го гарантира нашиот идентитет во разноликоста на културите.“


Светиот Отец не заборави да го цитира толкувањето на М. Лутер на еден стих од Посланието до Римјаните, според кој христијанинот ќе се спаси од самата вера што ја исповедува а не од делата кои ги прави. Точен е тој цитат, рече Папата, ако верата не се стави во контрапозиција со милоста, со љубовта:


„Верата е гледање во Христа, доверба во Христа, приврзување за Христа, сообразување со Христа, со неговиот живот. А изразот, зивотот Христов е љубовта.“


Да се верува значи да се сообрази и да влезе во неговата љубов. За тоа св. Павле, заврши Папата, во посланието до Галатјаните, каде ја разви својата доктрина за оправдување, зборува за „верата што делува преку милоста“. Св. Павле знае дека „во двојната љубов кон Бога и ближниот е присутен и исполнет целиот Закон“.








All the contents on this site are copyrighted ©.