2008-11-11 13:54:24

Папата на Ангеловиот Поздрав: никогаш повеќе ужас на нацистичкиот антисемитизам. Папата спомна за „ноќта на кристалите“ и апелира за мир во северн Киву


Бенедикт XVI, во недела на 9 ноември, на плоштадот св. Петар за време на Ангеловиот Поздрав рече дека токму пред 70 години пламна нацистичкиот гнев кон евреите на таканаречената „Ноќ на кристалите“. Папата го нарече како срамен настан кој нема да се заборави за да не би се повторувале такви слични ужаси. Значи, тоа беше апел за мир во Северен Киву, регион на Демократската Република Конго, сведок на последните страшни насилства и уништувања. Вчерешниот ден беше ден на посветувањето на Латеранската Базилика, „Мајка на сите Цркви“, па по тој повод Папата Бенедикт ги советува верниците да бидаат „живи темели“ на духовната црква изградена од Бога.


Никогаш повеќе нацистички ужас, никогаш повеќе ужас на антисемитизмот. На Ангеловиот Поздрав, Папата потсети една од најстрашните страници на историјата, кога во ноќта помеѓу 9 и 10 ноември, 1938 година, пламна „нацистичкиот гнев против евреите“. Во оваа страшна ноќ, напомена Папата, започна систематичното и насилно прогонување на германските евреи кое заврши во Шоа.


„Сеуште осеќам болка за сето онаа што се случи во онаа ноќ, кое сеќавање треба да послужи за да никогаш повеќе не се повторуваат слични грозотии и да се заложи, на сите нивоа, против секоја форма на антисемитизмот и дискриминацијата, воспитувајќи ги пред се младите генерации на почит и взаемно/меѓусебно  прифаќање. Повикувам да се молиме за тогашните жртви на еврејскиот свет и, соединети со мене, да му искажеме длабока солидарност.“

Папата потоа говореше за жителите на Северен Киву, од каде доаѓаат „загрижувачки вести“ за „карвави вооружени судири и разгорувања кои предизвикаа и предизвикуваат бројни жртви на невини цивили“. Уништувањата и насилствата од секаков вид, принудија десетина илјади жители  да го напуштаат и онаа мало што го имале за да преживеат. Затоа, испрати апел за мир во оваа територија:


„На секој од нив сакам да им ја искажам мојата блискост, додека ги охрабрувам и благословувам сите оние кои се залагаат за ублажување на страданијата, помеѓу кои се наоѓаат и пасторалните служители на оваа месна Црква. (...) Најпосле, го повторувам мојот ревносен апел, за залагањето на сите, за враќање на мирот, на оваа предолго измачена земја, со почит кон легалноста и пред се’ на достоинството на секој човек.“


Папата не заборави да спомне дека вчера, на 9 ноември, во Италија се слави Денот на Благодарността, бидејќи оваа година е посветена на темата: „гладен бев и ме нахранивте“:


„Го соединувам мојот глас со гласот на сите италјански Епископи, кој тргнувајќи од овие Исусови зборови, да привлечат внимание околу сериозниот и сложен проблем, како што е гладта, направен подраматичен со зголемувањето на цените на некои основни хранливи продукти.“


Црквата, рече Папата, со многукратни иницијативи го извршува „основниот морален принцип за распределувањето на универзалните добра“. Затоа, папата потврди дека ќе се моли за земјоделците, посебно за производителите од слаборазвиените земји та ги охрабри „да се потрудат за на никој да не му недостига здрава и соодветна храна“. „Оној кој му помага на сиромавиот, рече Папата, му помага на самиот Христос.“ Пред да апелираше против антисемитизмот и за мирот во ДР Конго, Папата зборуваше за Посветувањето на Латеранската Базилика, „Мајка на сите Цркви“. Светиот Отец спомна дека оваа Базилика беше изградена најпрва, веднаш после наредбата на царот Константин, кој во 313 год им дозволи на христијаните слободно да ја практикуваат својата вера.

Светиот Отец објасни дека најпрво се практикувала во Рим, а потоа од 1565 се раширила и по сите Цркви од латкиснки обред, истакнувајќи ја почитта кон Римската Црква, во која според св. Игнатиј, „преовладува милостта“ на целата католичка заедница. На овој ден – рече Папата – Божјето Слово не’ повикува на една суштинска вистина. „Храмот изграден од тули е симбол на живата Црква, на христијанската заедница, која уште тогаш св Петар и св Павле ја сфаќаа како ’духовна зграда’, изградена од Бога со ’живи камења’ т.е. со христијаните, над единствениот темел - Исус Хритос.“

„Драги пријатели, денешниот празник слави една секогаш актуелна тајна: т.е. дека Бог во светот сака да изгради духовен Храм, една заедница која би го обожавала во духот и вистината (Јов 4,23-24). Но тој празник не потсетува на материјалните згради, во кои заедниците се собираат, та со пофални песни да го славаат Бога.“


Секоја заедница, продолжи светиот Отец, „должна е грижливо да ги сочува своите свети црковни згради, кои се прециозно верско и историско наследство“. „Убавината и хармонијата на црквите наменети за славење на Бога – додаде Папата- не повикува и нас луѓето, ограничени и грешници, да се обратиме за да формираме ’космос’, уредена конструкција, во единство со Исуса кој е вистинскиот Светец на Светците.“

Додека ги поздравуваше присутните поклоници, зборувајќи на француски јазик, Папата спомна дека овие денови се слави 90 годишнината од завршетокот на Првата светска војна та ги препорача своите молитви „за мир во светот и за сите оние кои се залагаат за правдата и братството меѓу луѓето“. На крајот, поздравивајќи ги италјанските поклоници посебно ги спомна и учесниците на Собранието за Енцикликата „Spe Salvi“ и сите оние кои го посетуваа курсот ЦЕИ за образование на социјалните комуникации.








All the contents on this site are copyrighted ©.