2008-11-08 11:39:54

Папата Бенедикт XVI на католичко-муслиманскиот форум: христијани и муслимани нека изградат иднина во мир со почит кон човечките права



Името Божје е име на мирот и љубовта, додека насилството никогаш не може да биде оправдано во Неговото име: потврди Папата Бенедикт XVI на учесниците на првиот Семинар од католичко-муслиманскиот форум, вчера наутро, одржан во Ватикан. Овој орган, во октомври 2007 г., е основан од Папскиот Совет за меѓуверски дијалог и од достоинствени муслимани. Папата ги повика христијаните и муслиманите да се потрудат да ги надминат предрасудите и недоразбирањата та ги опомени политичките и религиските лидери да ги заштитат основните права на човекот.


Хрситијаните и муслиманите “треба заедно да работат за да се реализира респектот на човечкото достоинство и на основните права, иако нашите антропологиски и теолошки погледи” тоа го изразуваат на различен начин: опомена од Бенедикт XVI кој, зборувајќи на учесниците на Семинарот истакна дека “има широко поле во кој може согласно да се делува во одбраната и унапредувањето на моралните вредности кои се дел од нашето заедничко наследство”:


Only by starting whit the recognition…
“Само со препознавањето на централното место на човекот и достоинството на секое човечко суштество – додаде Папата – почитувајќи и бранејќи го животот кој е Дар Божји, а свет за христијаните и муслиманите, само врз оваа основа може да најдеме заедничко тло за изградба на братски свет.” Еден свет, “во кој споредбата и разликите се решени на мирен начин а опустпшената власт е неутрализирана.”


My hope, once again, is that these fundamental …
“Уште еднаш – потврди Папата – се надевам дека овие основни човечки права ќе бидат заштитени од секого и насекаде”. Сепак, на “политичките и религиски лидери” им спомна дека “должност им е да гарантираат за тие права во полн респект на слободата на совеста и религијата на секој човек.” “Дискриминацијата и насилството кои сеуште се експериментираат во светот од страна на религиозните личности” папата ги дефинира како “неприфатлив и неоправден чин”. Сето тоа беше само силен треперлив повик од Папата, но “уште посериозен и осудувачки е кога повикот е извршен во името а Бога”:


God’s name can only be a name of peace …
“Името Божје – напомена – може да биде само име на мирот и на братството, на правдината и на љубовта.” “Со нашите зборови, а уште повеќе со нашите дела, повикани сме да докажеме, дека пораката на нашите религии е една неуморна порака на хармонија и взаемно разбирање.” Една “важна” задача, потврди Папата, која во спротивно би дошло до ослабување на вербата и ефикасноста не само за дијалогот “помеѓу католиците и муслиманите” туку и во “самите религии.” Папата се надева дека вакви иницијативи како Форумот би создале поголеми простори за дијалогот како и за да се “надминат недоразбирањата и неслогите.”


Let us resolve to overcome past prejudices …
“Работиме за да ги надминеме предрасудите од минатото и да ги корегираме често искривените  слики кои исто така и денес ни праваат потешкотии во нашите релации, работиме за да ги образуваме сите а посебно младите за да изградат една заедничка иднина.” Папата не заборави да ги истакне вредностите на Семинарот, пред се ако “мислите и позитивниот развој кој произлегува од дијалогот помеѓу католиците и муслиманите не се ограничени само за експерти од таа област”, туку ставени на располагање за сите да би донесле плодови во секојдневниот живот. Папата на семинарот се задржа повеќе на темата за “Божјата Љубов, љубовта за ближниот” истакнувајќи дека без разлика на различните ставови за Бога, “ со взаемен почит и солидарност, сите треба да покажеме дека се цениме како членови на една единствена фамилија”, створена и сакана од Бога. Папата посебно беше задоволен што од страна на Семинарот се присвои една заедничка позиција околу потребата за обожавање Бога и “безинтересно” да се сакаат нашите браќа, “посебно тие кои имаат потреба”.








All the contents on this site are copyrighted ©.