2008-11-04 17:19:13

Вартоломеј I: „дијалогот со католиците и екологијата – наши приоритети”


“Дијалогот со католиците е еден од првите наши приоритети и патот на екуменизмот е еден пат на кој нема враќање”: -рече Вартоломеј I во еден разговор за AsiaNews.
Екуменскиот Патријарх од Цариград сеуште е “почестен и возбуден” што Папата Бенедикт XVI на 18 октомври го покани да учествува на Синодот на епископите со темата „Слово Божје”. “Беше едно единствено искуство на кое секогаш ќе се сеќавам” – рече Патријархот. Уште додаде: “Сите треба да се молиме за што побргу да дојде денот во кој заедно ќе ја славиме Евхаристијата. Дијалогот со католиците е еден од првите наши приоритети и патот на екуменизмот е еден пат на кој нема враќање; треба да и се заблагодариме на нашите претходни поглавари кои го почнаа овој пат.” Друг неопходен приоритет е оној со екологијата, односно “заштитата на природата”. “Од 1989 год. Цариградскиот Патријархат – рече Вартоломеј I – во различни делови од светот спроведе иницијатива за да ја пробуди чувствителноста на човештвото околу опасностите кои водаат до непосакуваната употреба на материјалните и човечките ресурси.” Со таа цел, Патријархот организира еден интернационален симпозиум, кој следната година, 2009, ќе се одржи во Африка, на делтата на Нил, за да му “привлече внимание на светот околу злото нанесена на преизмаченото африканско население.” Патријархот во Цариград сака да отвори интернационална Набљудувачница за заштита на природата. Најверојатно, седиштето ќе биде во поранешното сиропиталиште на островот Бујукада, кое турската власт ке го врати на Патријархатот, земен уште во 1964 од истата власт.








All the contents on this site are copyrighted ©.