2008-11-03 18:16:53

Помен на покојните. Папата повикува да гледаме во смртта како во светлина на вечната љубов од Бога, без да се падне во суеверие и синкретизам


Да се евангелизира реалноста на смртта денес е најпотребно од било кога, зашто треба да се гледа во светло на Воскреснатиот Христос и вечната Божја љубов, а не како субјект на суеверните верувања. Денес, недела, соединува две таинства: споменот на покојните верници и сеќавањето на Христовото воскресение. Папата повикува да се живее односот со покојните во вистината на верата, гледајќи во смртта и во светлото на Објавувањето.


“И светиот апостол Павле, пишувајќи на првите христијански заедници, ги повикуваше верниците ’да не бидаат тажни како другите кои немаат надеж’. ’Всушност ако веруваме дека Исус умре и воскресна, Бог преку Исус ќе ги соедини и оние кои се починати со Него’ (1Сол 4,13-14). И денес е потребно да се евангелизира реалноста на смрта и на вечниот живот, реалноста на суеверните верувања и на синкретизмот, зашто христијанската вистина не рискира да биде помешана со митологиите од различен вид”.


Папата во својата Енциклика за христијанската надеж се зпраша дали луѓето од денешницата сеуште тежнеат за вечниот живот или можеби “единствен перспектива” им е само животот овде на земјата.


“Како што веќе приметил св. Августин, навистина, сите ние сакаме блажен живот, ја посакуваме среќата. Не знаеме најдобро што би можело да биде тоа и каков би можело да биде, но ја чувствуваме како привлечност кон него. Тој е една универзална надеж, заедничка на сите луѓе од сите времиња и сите места. Изразот ’вечен живот’ значи: не една последователност која нема крај, туку задлабочување во океанот на бескрајната љубов, во која минатото и иднината временски повеќе не постојат. Една исполнетост од живот и среќа: тоа е на кое што се надеваме и го очекуваме од нашето битие со Христа”.


“Да ја обновиме денес надежта за вечен живот реално заснована во Христовата смрт и Христовото воскресение” – рече Папата:


“Вокреснав и сега секогаш сум со тебе, вели Господ Бог, и мојата рака те поткрепува. Каде и да паднеш, ќе паднеш во моите раце и ќе бидам присутен се до вратата на смртта. Каде што никој повеќе не може да те придружува и каде што не можеш ништо да понесеш со себе, таму ќе те чекам за да ја преобразам темнината во светлина”.

“Христијанската надеж – заврши Папата – никогаш не е само индивидуална, но секогаш е надеж и за другите.” Всушност, “нашето постоење длабоко е поврзано со постоењето на другите, и доброто и лошото кој што секој го прави, секогаш и друѓите го осеќаат”:


“Така да една душа која е уште овде на земјата ,може да помогне друга душа која се откупува после својата смрт. Еве зошто денес Црквата не повикува да се молиме за нашите блиски покојни и да ги посетиме нивните гробови во гробиштата. Марија, ѕвезда на надежта, да ја зацврсти нашата вера за живот вечен и да ја поткрепи нашата молитва за нашите покојни брaќа”.








All the contents on this site are copyrighted ©.