2008-10-27 14:28:32

Писмо од патријархот Алексиј II до папата Бендикт XVI – Заедничко сведочење за да го навестуваме Евангелието во светот.


Кардиналот Крешенцио Сепе, неаполски архиепископ и метрополит, за време на својата посета во Москва, на први октомври, беше примен од Патријархот на Москва и на сите Русии Алексиј Втори, му го врачи своерачното писмо од Папата Бендикт Шеснаести. Ватиканскиот „Осерваторе Романо„ го објави одговорот на патријархот Алексиј Вотри, испратена до папата Бендикт преку кардиналот Сепе.


Патријархот во текстот го истакнува подобрувањето на односите и соработката помеѓу Католичката Црква и Патријархатото во Москва. Оваквото подобрување, засновано на заедничките корени, се должи на согласувањето на многубрјните актуелни прашања, а посебно за потребата од заедничко објавуање на Евангелието и сведочењето на христијанските вредности во современиот свет. Писмото до Папата, објавено во ватиканскиот весник гласи:


„Ваша Светост,
Би сакал срдечно да Ви се заблогодарам за писмото, кое ми го испративте преку Неговото Високопреосвештенство Кардиналот Крешенцио Сепе, за време на неговата посета во Москва. Како одговор на најљубезните зборови во Вашата порака, би сакал и јас да ги изразам моите чувства на длабока почит и искрено пријателство. Радосен сум за зголемувањето на перспективите за еден подобар однос и уште подобра соработка помеѓу двете наши Цркви. Солидната база на сето тоа се состои во нашите заеднички корени и во нашите заеднички ставови околу многубројните прашања, кои што денес го измачуваат светот. Убеден сум во фактот дека најголемата објава на Евангелието „Бог е љубов„ (1 Јв 4,8) би требала да биде значаен патоказ за сите оние кои што се сметаат за следбеници Христови, затоа што само преку нашето сведочење на оваа тајна можеме да ја надминеме несогласноста и отуѓеноста во овој век, изјаснувајќи ги вечните вредности на христијанството во современиот свет. Ваша Светост, од се срце ви пожелувам добро здравје и ја повикувам Божјата помош во вашата служба„.








All the contents on this site are copyrighted ©.