2008-10-25 13:40:06

Христијаните и муслиманите го засилуваат дијалогот и соработката во Европа


Во Брисел заврши европската исламо-христијанската Конференција подржана од Комисијата на епископските Конференции од Европската Унија (ЦЦЕЕ) и од Конференцијата на европските Цркви (КЕК). “Христијаните и муслиманите – стои во финалниот документ поднесен од СИР – се повикани да работат едни покрај други соработувајќи на најдобриот можен начин со земјата на којашто и припаѓаат без да бидат злоупотребени од владите“. Значи, не станува збор за едно поистоветување на религијата со личниот аспект на личностите или на “барањето за откажување од својот религиозен идентитет“ преку, на пример, “со забраната за носење или на излагање на религиозни симболи на јавните места или прекинување на религиозните прослави со претезата дека се што може да ја повреди чувствителноста на другите верници штети или дека се оди против принципите на секоларната држава“.


Потврден беше “принципот на интеграција“, христијаните и муслиманите како граѓани и луѓе со вера “го нудат своето сведочење се додека човекон не го открие сопствениот идентитет преку односот со Бога“. “Тоа што не присилува да потврдиме - се вели понатаму во декларацијата – е важноста на животната улога од страна на фамилијата, на човечкото достоинство, на социјалната правда, на грижата за околината“ така, се “осудува употребата на сила во име на верата“.


За фаворизирање на провидната спознаја авторите на деклерацијата предлагаат, исто така и “отварање на Црквите и на џамиите за посетителите од другите заедници е за академски средби“. “Повикани сме да конструираме мостови помеѓу културите и верите – заклучува документот – и Европа е повикана да биде лабараториј за спознаја и за христијаните и за муслиманите“. Значи, беше засилен “односот со муслиманите“, еден културен проект што ги вклучува сите и проект на кој католичката Црква има намера да го продолжи своето поддржување.Тоа вчера го потврди во Брисел отец Пиотр Мазуркиевич, новиот секретар на Комисијата на епископските Конференции од Европската унија (КОМЕЦЕ), на својата прва средба со новинарите во седиштето на Комисијата.










All the contents on this site are copyrighted ©.