2008-10-23 17:52:26

Папата на аедничката аудиенција: Централното место на Христа воскреснатиот во тајнството на спасението


Папата Бенедикт VXI. во својата катехеза за време на заедничката аудиенција говореше на плоштадот Св. Петар пред 20 000 поклоненици за суштината на Павловата кристологија. Драги браќа и сестри, во минатонеделната катехеза размислувавме за “обраќањето“ на Св. Павле, плод на личната средба со распнатиот и воскреснатиот Христос и се запрашавме каков бил односот помеѓу Апостолот и овоземноит Исус. Сега сакаме да се запознаеме од поблиску со науката за централното место на Христа воскреснатиот во тајнството на спасението, којшто ни го остави Тој самиот. Тој е критериум за вреднувањето на настаните и нештата, цел на секој напор којшто го прави Павле за навестувањето на Евангелието, голема љубов којашто ги поддржува неговите чекори низ светските патишта. Станува збор за живиот, вистинскиот Христос, со точно одредена историјска димензија. За Апостолот, Исус Христос не е едноставно субјект на некоја доктрина, со морална и идеолошка порака, туку претставува жива личност, протагонист на одлучувачкиот настан за светската историја – кажа Светиот Отец.

Кој ги има читано пишувањата на Св. Павле знае добро дека тој не беше окупиран со проповедување на одредени настани од Исусовиот живот, не бил како другите свети писатели коишто го пишувале “Евангелието“. Неговата пасторална и теолошка цел била дотолку усмерена кон изградувањето на новонастанатите заедници, така што тој спонтано бил усмерен кон навестувањето на Исуса Христа како “Господ“ жив и присутен меѓу своите. Одовде потекнува Павловата исмереност на она битното (есенцијалното) во кристологијата, коешто во образложението на длабочината на тајнството води постојана и точна грижа: Навестувањето на Исусовата смрт како врв на неговиот земен живот и резултат на понатамошниот развој на целата христијанска теологија. За Апостолот воскресението не е посебен настан, одвоен од смртта и крстот: Воскреснатиот е секогаш оној којшто, најпрво, беше распнат. Затоа, помеѓу Оној којшто живее во слава и земниот Исус постои потполна спасителна, а не само историска, идентичност. Распнатиот не се потопил во Воскреснатиот; истиот тој Исус којшто е распнат е едно исто со Оној којшто сега е жив меѓу своите. Тоа Павле го сватил во средбата на патот кон Дамаск: во тој момент му е објавено дека Распнатиот на Голгота не треба да се гледа како “Божје проклетство“, туку како принесена жртва за откупување на светот – истакна Папата.

Апостолот со воодушевување размислува за скриената тајна на Распнатиот-Воскреснатиот и преку страдањата коишто ги поднел Христос во своето човештво се усмерува кон вечното постоење во коешто е Тој со Отецот. “А кога ке дојде исполнувањето на времето“, пишува тој, “го прати Бог својот Син: беше роден од жена, подложен на Законот за да ги откупи подложниците на Законот и да примаме посинување“. Освен во посланието до Филипјаните, има и други места во Павловата литература кадешто темите за преегристенција и доагањето на Синот Божји на земјата се меѓусебно поврзани.
Поистоветувањето на Мудроста со Христос, со сите свои космички и антрополошки последици, го наоѓаме повторно во посланието до Тимотеја: “Тој, покажан во тело, оправден во духот, виден од ангелот, проповедуван помеѓу народите, веруван во светот, вознесен во славата“. (3,16). Баш над овие претпоставки може подобро да се дефинира улогата на Христос како единствен посредник, во позадина е секогаш еден исти Бог од Стариот Завет. Новата и разредената формулација на мудросната кристологија, во Павловите посланија, гравитира околу идејата за Христос како “првороденец“, особина којашто во посланието до Колошаните силно се истакнува со цел да се истакне приматот над сите работи коишто истовремено се однесуваат и на космолошкиот, еклезиолошкиот и есхатолошкиот видик. Павловиот гениј успеал да го обедини тоа учење со сјајна синтеза применета на оние коишто го љубат Бога и се повикани, по неговата наука, “да бидат слика на неговиот Син и да тој биде првороденец меѓу многуте браќа“. (Рим 8,29) – подвлече Светиот Отец.

Така се доаѓа до потполната фаза во развојот на мудросната кристологија којашто ја формирал Павле, кога во посланието до Ефежаните тој го отцртува Божјиот план на спасението којшто е во потполност остварен во Христа, во којшто се остварува рекапитулацијата на се. Станува збор за прекрасната порака на којашто ќе се навратиме повторно. Овде само ќе ја спомниме, најавувајќи дека Павле, во тоа послание кое е богато со извонредна теолошка набиеност, ја истакнува должноста на верникот да зборува со личното прифаќање за божјата иницијатива: сите сме повикани да соработуваме во остварувањето на чудесниот план којшто Христос го прави глава на Црквата, неговото Тело, “исполнетоста на Оној којшто исполнува се“ (Еф 1,23) – со овие зборови Светиот Отец ја заврши својата катехеза. 
 







All the contents on this site are copyrighted ©.