2008-10-07 11:33:15

Денешниот човек да не го отфрла Бога од својот видик: повик на Папата за време на откривањето на Епископскиот Синод за Словото Божје. За време на молитвата Ангелов Поздрав ги поттикна семејствата да ја читаат Библијата




Да се храни од Словото Божје, коешто го променува срцето на човекот, е првобитната задача на Црквата: тоа го подвлече Папата за време на литургијата во базиликата Свети Павле надвор од градските зидови, со којашто утрово започна седмата редовна асамблеа на Епископскиот синод на темата: „Словото Божје во животот и мисијата на Црквата“. Настан што ќе се одржи во Ватикан до 26 октомври. Заедно со папата служеа сите отци на синодот и соработниците: 52 кардинали, 14 членови на Источните Цркви, 45 архиепископи, 130 епископи и 85 свештеници. Папата истакна дека навестувањето на Евангелието е мотивот за чевствувањето на Црквата и го поттикна народот да не го отстранат Бога од сопствениот видик. За време на Ангеловиот Поздрав, на плоштадот Свети Петар, Папата ги повика семејствата да направат така да Словото Божје го придружува секогаш нивниот живот.


Само Словото Божје може навистина да го промени срцето на човекот. Тоа е пораката , којашто ја испрати Светиот Отец до сите верни за време на литургијата на почетокот од Синодот. Тој ги поттикна синодалните отци да работат, за да го „направат поефикасно навестувањето на Евангелието во нашево време“:
„Сите чувствуваме колку е неопходно да се најде во центарот на нашиот живот Словото Божје, да се прими Христос како единствен наш Искупител, како Царството Божје во неговата личност, за да овозможи неговата светлина да го осветли секој дел од човештвото: од семејството до училиштето, од културата до работата, слободното време и другите сектори од општевството и на нашиот живот“.
Земајќи учевство во Евхаристијската служба, продолжи Папата, „ја чувствуваме веднаш тесната врска, којашто постои помеѓу навестувањето на Словото Божје и Евхаристијската жртва: тоа е истата Тајна која ни се нуди во нашата контемплација“. Кога Бог зборува, приметува Светиот Отец, „веднаш се насетува еден одговор; неговата спасителна дејност бара човечка соработка, неговата љубов очекува одговор“:
„Единствено Словото Божје може да го промени во длабочината срцето на човекот и затоа е важно со него заедно да влезат во се посилна блискост самите верници и заедницата. Синодалната асамблеа ќе го насочи своето внимание на оваа фондаментална вистина на животот и мисијата на Црквата. Да се храни од Словото Божје за неа е првостепена и фундаментална задача“.
„Потоа, продолжи Папата, навестувањето на Евангелието претставува причина за нејзиното постоење и мисија, Црквата треба да го познава и да го живее тоа што го навестува, за да биде правоверно нејзиното проповедање, низ слабостите и тешкотиите на народот, којшто ја сочинува“. Низ оваа година посветена на Св. Павле, Папата не ја испушти можноста да го посочи промерот на Св. Павле, „неуморен сведок и сејач на Божјето Слово“. Многумина, констатира Папата, сеуште не се се сретнале со Евангелието; кај други, пак, што имаат христијанско воспитување, „згаснат е ентузијазмот и со Словото Божје имаат само површен контакт“, други, пак, „се имаат оддалечено од практикувањето на верата и имаат потреба од една нова евангелизација“, недостигаат личности со правилно чувство кои си поставуваат егзистенцијални прашања, на коишто само Исус може да одговори. Од тука силниот поттик на Папата:
„Затоа станува задолжително за христијаните од секој континент да бидат спремни да одговорат на секој, којшто прашува за причината на надешта која е во нив, навестувајќи со радоста на Словото Божје и живеејќи ги бескомпромисно Евангелието“.
Папата се задржа и на неделното Евангелие, приказната на исус за винарите, коишто го убиваат синот на сопственикот на лозјето, убедени дека така можат да го присвојат. Тоа е еден дел, предупреди, којшто го испитува нашиот начин на мислење и делување“ на специјален начин народите коишто го имаат добиено навестувањето на Евангелието. Гледајќи на историјата, продолжи Светиот Отец, „ние сме принудени да го регистрираме многу често студенилото и побуната на недостојните христијани“. Поради тоа, иако не им недостасува и ним ветувањето за спасение, Бог „требаше често и да казнува“. Ова размислување е упатено до христијанските заедници коишто во полетокот цветаа, но кои, подоцна исчезнаа и денеска се среќаваат само во историските книги. Една мисла за минатото со поглед кон иднината:
„Не би можело ли да се случи тоа и со нашата епоха? Нации некогаш богати со вера и знаење, сега постепено го губат својот идентитет, под разорното влијание на постоечката модерна култура. Во не некои решиле дека „Бог е мртов“, за “бог“ си се сметаат самите себеси, се сметаат за единствениот одредувач на сопствената судбина, апсолутен сопственик на светот“.

„Ослободувајќи се од Бога и не очекувајќи од Него спасение“, продолжи, „човекот верува дека може да го прави тоа што го сака и да биде единствената мерка за самиот себеси и за сопственото однесување“.
„Но дали кога човекот го има отстрането од себеси Бога и објавува дека Бог е мртов, навистина е посреќен? Навистина ли е послободен? Кога луѓето си се сметаат себеси за апсолутни сопственици на самите себе и за единствени господари на створеното, можат ли навистина да изградат едно општевство, каде ќе царува слободата, правдата и мирот?“
Правејќи така подлегнуваат под властољубието, егоистичните интереси, неправдата и експлоатацијата и под насилството во секоја негова форма“. На крајот, човекот се чувствува се повеќе сам, а општевството се поразделено и збунето“. Но во зборовите Исусови има едно ветување: „Лозјето нема да биде разрушено“. Ако во некои региони верата се губи, во други, уверува Папата, ќе има народи спремни веднаш да ја примат. „Злото и смртта – подвлече- го немаат последниот збор, на крајот ќе победи Христос“:
„Црквата не се уморува од навестувањето на таа Блага Вест, како што е случај тоа и денеска, тука, во оваа базилика посветена на Апостолот на народите, којшто прв го распространи Евангелието во многу делови на Мала Азија и на Европа“.

Тоа е повикот, кажа, што „ќе го обновиме за време на Епископскиот Синод“. Светиот Отец ги поздрави посебно синодалните отци, братските делегати од Црквите и црковните заедници, коишто се соработници во подготовката на овој голем црковен настан. Светиот Отец ја заврши својата динамична проповед со доверување под закрила на Марија за да не научи да го слушаме Светото Писмо и да го размислуваме со длабочината на срцето. Во молитвите на верниците, прочитани на различни јазици, за да се подвлече универзалноста на Црквата, специјално внимание беше посветено на темата на Синодот.


За Синодот посветен на Словото Божје, Папата говореше и за време на молитвата Ангелов Поздрав на плоштадот Свети Петар, објаснувајќи им го на поклонениците значењето на „синодалната димензија“ која е „конститутивен дел на Црквата“:
„Таа се наоѓа во формирањето на секој народ и култура, за да постанат едно во Христа и да одат заедно по Него, којшто кажа: „Јас сум патот, вистината и животот“.
Епископскиот Синод, формиран од папата Павле VІ, потсети, дозволува „тесен сојуз и соработка помеѓу Папата и епископите од целиот свет“, фаворизирајќи „согласување за доктрината и пасторалната дејност“. Таа асамбелеа, додаде, претставува за Светипетровиот наследник една ефикасна помош, манифестирајќи, и во исто време, консолидирајќи го црковното заедништво“. Папата го подвлече големото учевство во подготвителната фаза на месните Цркви од целиот свет. По Ангеловиот Поздрав, Папата се задржа на иницијативата на Италијанската телевизија, „Библијата, ден и ноќ“, којшто се состои во „интегрирано читање на Бибилијата“ од страна на 1200 души од 50 различни држави. Иницијатива, кажа, која „добро се поврзува со Синодот на Епископите посветен на Словото Божје“ и којшто ќе го започне Светиот Отец, вечерва со читањето на првата глава од книгата Битие, од 19 часот на Раи Уно:


„Словото Божје така ќе може да влезе во домовите, за да се соедини со животот на семејствата и на посебните личности: едно семе, коешто ако е добро посеано, ќе даде изобилни плодови“.
На крајот Светиот Отец ги поздрави младите, коишто учевствуваат на „Митингот на Св. Винкенти“, организиран од Ќерките на Милосрдието на Свети Винкенти од паоли во Римската провинција, на кои ги поттикна да се учат од светците „да ја сакаат Црквата и сиромашните“. Зборови на охрабрување упати и кон аниматорите на мисијата „Исус во Центарот“, наменета за римската младина. На крајот ги поздрави организаторите на Денот за рушење на архитектурните бариери, којшто се слави денес.











All the contents on this site are copyrighted ©.