2008-10-02 15:40:21

Бенедикт ХVІ на генералната аудиенција: Христијанската слобода не е распуштеност или своеволие



(01.10.08) Во Црквата постојат различни харизми, но важно е секој христијанин да биде верен на вистината на Евангелието и да се посветува на служењето на најсиромашните, со јаснотија и слобода, својствени за Св. Павле. На “Апостолот на народите“ Бенедикт ХVІ посвети ново размислување на денешната генерална аудиенција којашто се одржа на плоштадот Св. Петар. Во присувство на 20 000 луѓе Папата се задржа на два клучни моменти од животот на Св. Павле: Соборот во Ерусалим и на таканаречениот “инцидент од Антиохија“.

„Во светлината на средбата со воскреснатиот Христос, тој беше разбрал, дека во моментот на преминувањето на Евангелието на Исуса Христа, на народите не им беше повеќе важно образованието, нити правилата за исхрана, нити за саботата како знаци на правдата: Христос е нашата правда, а “праведно“ е сето тоа што се темели на Него. Не се потребни други знаци, за да бидеме праведни“.

Во исто време, посочи Папата:

„Христијанската слобода не се идентификува никогаш со распуштеноста или со оправдувањето на тоа што сакаме да го правиме; таа се покажува во заедништвото со Христос и во вистинското служење на браќата, посебно на оние на кои им е најпотребно“.

Тоа “сакано жртвување“ за сиромашните, продолжи Папата ги опфаќа сите Цркви основани од Павле. „Не беше задолжителна, туку слободна и спонтана“ и претставува сведоштво на фактот, дека љубовта кон сиромашните и автентичната традиција на Црквата “одат заедно“:

„Се работеше за молба за една нова иницијатива во религиозните дејности (...) Дарот беше за долгот на својата заедница кон Црквата мајка во Палестина од која го имаа примено непроценливиот дар на Евангелието. Толку голема е важноста што Св. Павле ја дава на овој гест на споделување којшто многу ретко тој го нарекува , едноставно “дар“: поточно, за него тоа е “служење“, “благослов“, “љубов“, “милост“ или “литургија’“.

Исто така, и во вториот случај, уште еднаш мојсеевиот закон го одредува однесувањето на шефот на Апостолите. Петар, примети Светиот Отец, за да не ги “скандализира“ христијаните кои ги почитуваат правилата на чистота во хранењето престанува да јаде со паганите. Павле реагира обвинувајќи го Петар за лицемерије. Значи, забележува Папата, “различни беа грижите“ на Петар и Павле, и потоа заклучи: инцидентот од Антиохија претставува “една лекција која треба да ја научиме и ние“:

„Со различните харизми доделени на Петар и Павле, да останеме сите водени од Духот, барајќи да се живее во слобода којашто го наоѓа своето ориентирање кон верата во Христа и се конкретизира во служењето на браќата. Најважно е да се биде што повеќе слични на Христа. Така се станува вистински слободни, така се изразува во нас најдлабокото јадро на Законот: љубов кон Бога и кон ближниот“.

На крајот од аудиенцијата синтетизирана на различни јазици, ги повика, на португалски јазик, верниците да се молат за предстојниот синод, којшто ќе се одржи од 5 до 26 октомври во Ватикан на темата за Словото Божје.
Специјален поздрав Бенедикт ХVІ упати кон Мисионерите на верата, коишто учествуваат на главниот капитол и кон семинаристите од Колегијот Mater Ecclesia, коишто ги поттикна да “одговорат со понизност и верност на Божјиот позив.











All the contents on this site are copyrighted ©.