2008-09-25 14:30:04

Катехеза на Папата за време на заедничката аудиенција во среда, 24 септември 2008


(25.09.08) Папата Бенедикт XVI, денеска во својата катехеза го продолжи размислувањето за Св. Павле во присувство на бројните поклоненици на плоштадот Св. Петар. Односите помеѓу Св. Павле и апостолите кои пред него почнаа да го следат Исуса отсекогаш биле обележани со длабоко почитување и со таа искреност којашто кај Св. Павле произлегуваше од одбраната на вистината на Евангелието. И покрај тоа што тој беше современик на Исус од Назарет, никогаш немал прилика да го сретне во текот на неговиот јавен живот. Поради тоа, по возбудливите настани на патот кон Дамаск, почувствувал потреба да се посоветува со првите ученици на Учителот коишто ги избра Тој за да го пренесуваат Евангелието се до крајот на светот. Во посланието до Галатјаните составува важен извештај за средбите што ги имал со некои од Дванаесетте: најпрво со Петар кој бил избран како Кефас, камен-карпа на која почнала да се гради Црквата, со Јаков “братот Господов“, и со Иван. Павле не се срами да ги признае за “столбови“ на Црквата – рече Светиот Отец.

Посебно е значајна средбата со Кефа-Петар, којшто се случил во Ерусалим: Павле останал со него петнаесет дена со цел да се посоветува со него, односно за да дознае нешто за земниот живот на Воскреснатиот, кој го “вклешти“ на патот кон Дамаск и кој почна темелно да го менува неговиот живот: од прогонител на Божјата Црква стана евангелизатор на онаа вера во распнатиот Месијата и Синот Божји, на верата која претходно настојуваше да ја уништи. Какви знаења поседувал Павле за Исус Христос низ трите години кои следеа по средбата на патот кон Дамаск? Меѓу толкуте собрани вести, самиот Св. Павле ни ги пренесува оние коишто подоцна станаа живо срце на неговото Евангелие: Исусовите зборовите од последната вечера, неговата смрт, погребот во земната длабочина, воскреснувањето во третиот ден и, по Воскреснувањето, Неговото покажување на Петар и Дванаесетте – истакна Папата.

Зборовите од Последната вечера оставаат длабок одраз во Павловиот однос со Исуса Христа, бидејќи од една страна потврдуваат дека Евхаристијата го расветлува проклетството од крстот, претворувајќи го во благослов ( Гал 3,13-14 ), а од друга страна го толкува значењето на самата смрт и Исусовото Воскресение. Во своите посланија изразот “за вас“ содржан во установувањето на Евхаристијата, стануваат “за мене“ ( Гал 2,20 ), за Црквата ( Еф 5,25 ) и “за сите“ ( 2Кор 5,14 ), а укажуваат на помирувачката жртва на крстот ( усп. Рим 3,25 ). Од Евхаристијата и во неа Црквата се изградува и препознава како “Тело Христово“ ( 1Кор 12,27 ) којашто секој ден се храни со силата на Духот Христов. Самиот дел на Предавање го содржи пренесувањето на земните настани од Животот на Исуса Христа: “Ви го предадов тоа што го примив, Христос умре за нашите гревови по Писмата; се покажа на Петар и на Дванаесетте“ ( 1Кор 15,3-5 ). И во оваа предаја што ја примил Павле се повторува тоа “за нашите гревови“, што става акцент на Исусовото дарување на себеси на Отецот, со цел да не ослободи нас од гревот и смртта. Од тоа дарување Павле, сам за себе ќе извлече највпечатливо и најпривлечно изразување на нашиот однос со Христос: “Тој што не вкуси грев, Бог за нас со грев направи ние да бидеме Божјата праведност во Него“ ( 2Кор 5,21 ); “Таа позната дарежливост на Господа Исуса Христа! Иако богат, поради вас стана сиромашен, за вие со неговото осирумашување се збогатите“ ( 2Кор 8,9 ) – продолжи понатаму Светиот Отец.

Светиот Амброзиј од Милано може да каже дека “во Писмото го читаме Христос“, бидејќи првата Црква сите Писма-Пишувања на древниот Израел ги исчитувала поаѓајќи од Христос и враќајќи се на Него. Набројувањето на покажувањето на Петар, потоа и на Дванаесетте, па и на петстотината браќа и на Јаков, се завршува со спомнувањето на личното покажување на Павле кое го доживеа на патот кон Дамаск: “На крајот како на недоносенче, ми се покажа и мене“ ( 1Кор 15,8 ). Поради тоа што ја прогонување Црквата, во оваа исповед на верата Павле ја искажува својата недостојност за да биде сметан за апостол на исто рамниште со оние кои му претходеле: “но милоста Божја во него не беше непотребна“ ( 1Кор 15,8 ). Затоа најголема потврда на божјата милост го придружува Павле на првите сведоци на Христовото Воскресение: “Или јас или тие: така проповедаме, така и верувате!“ ( 1Кор 15,11 ). Важноста што ја предава на живото предавање на Црквата, која ја пренесува на своите заедници, покажува колку е погрешно видувањето коешто павле го препишува на измислувањето на христијанството: пред да почне да го навестува Исуса Христа, својот Господ, тој го сретна на патот кон Дамаск и го среќаваше и во Црквата, набљудивајќи го неговиот живот во Дванаесетте и во оние коишто го следеа на галилејските патувања – подвлече Папата.

Во наредните катехези ќе имаме прилика уште подлабоко да го истражиме Павловиот допринос за првобитната Црква; но посланието што го прими од Воскреснатиот мораше да биде потврдено и загарантирано од оние коишто им ја подадоа десната рака на Павле и Барнаба во знак на потврда и прифаќање.( Гал 2,9 ). На тој начин се гледа дека “иако го познававме и по тело Христос“ не значи дека неговиот земен живот не беше неважен за нашиот раст во верата, туку за да, од моментот на неговото Воскресение, го промени начинот на којшто ние се однесуваме кон Него.

Што повеќе ги следиме стапките на Исус од Назарет по галилејските патишта, толку повеќе успеваме да разбереме дека Тој го презеде нашето човештво, делејќи го со нас во се освен во гревот. Нашата вера не се раѓа од некој мит, нити од некоја идеа, туку од средбата со Воскреснатиот во животот на Црквата. Со овие зборови ја заврши својата денешна катехеза Светиот Отец.

 







All the contents on this site are copyrighted ©.