2008-09-22 18:40:44

За време на Ангеловиот Поздрав Папата упати апел до светските лидери за реализација на објективите на Милинеумот во однос на сиромашните


(22.09.08( Апел на Папата за време на Ангеловиот Поздрав до популациите зафатени од циклоните во Карибските земји и на Југот од Соединетите Американски Држави. Потоа ги повика лидерите од целиот свет за реализација на објективите на Милениумот одредени од ООН. Исто така, ги охрабри народите на овие држави:
“Се надевам дека, што побрзо ќе стигне помошта до подрачјата што се најмногу оштетени. Нека посака Господ, посебно во овие ситуации, солидарноста и братството надвладеат над секоја друга причина“.

Папата потоа обрати внимание на Собранието на ООН, во Њујорк, на 25. септември за проверка на исполнувањето на објективите одредени од ООН во Милинеумската декларација донесена на 8. септември 2000. На таа средба ќе земат учество најголемите светски лидери, до кои Папата го упати следниот апел:

„ Ја обновувам поканата за да бидат превземени и смело извршени неопходните мерки за искоренување на огромната сиромаштија, на гладот и мечот на епидемииите, кои ги напаѓаат и повредуваат најмногу незаштитените. Во овој сериозен момент се потребни сериозни економски жртви. Едно такво залагање сигурно би продуцирало големи добра за развитокот на нациите коишто имаат потреба од надворешна помош, а и за мирот и доброто на целата планета“.

 
Пред Ангеловиот Поздрав, Папата го коментираше денешното евангелие за Господарот на Божјото лозје “кој во различни часови од денот ги повикува работниците на работа во своето лозје. А вечерта им дава на сите иста плата, еден денар, предизвикувајќи револт кај оние од првиот час:

“Јасно е дека тој денар го претставува вечниот живот, дар од Бога резервиран за сите. Напротив, тие што се сметаат за “последни“ ако го прифатат, ќе бидат “први“, додека “првите“ можат да ризикуваат и да бидат “последни“.

 
“Се забележува – примети Папата – дека господарот “сака да бидат сите ангажирани во лозјето“. “Да се биде повикан е веќе еден надомест“, само по себе една “награда“ која го исплаќа секој вложен труд. “Но тоа го разбира само оној којшто го сака Господа и неговото Царство; напротив, тој којшто работи само за плата – објасни Светиот Отец – нема да ја забележи никогаш вредноста на ова непроценливо богатство“.

Папата потоа го посочи примерот на Матеј, апостол и евангелист, кој ни ја пренесува оваа парабола и којшто, самиот го има проживеано ова искуство, тој носител на јавна служба, сметан за јавен грешник, кој на повикот од Исуса “следиме“ постанува Христов ученик, од “последен“ станува “прв“, благодарение на Божјата логика, која – за наша среќа – е различна од светската, подвлече Светиот Отец.

“Исто така, и Св. Павле, на кого е посветена оваа јубилејна година – посочи Светиот Отец – ја искуси среќата да се почувствува повикан од Господа за да работи во неговото лозје. И колку само работа заврши! – подвлече Папата – од прогонител на Црквата до апостол на луѓето, свесен дека “да работиш за Бога е веќе тука на земјата една плата“. Толкава, за што и самиот ќе каже: “За мене животот е Христос, а смртта е добивка“.

Папата се обрати и до Девица Марија, славена со радост една недела во Лурд, “перфектниот грозд од Божјето лозје“. Од тука и повикот да ни помогне “да ја најдеме нашата среќа во можноста да се мачиме за Небесното Царство“.

Во завршните поздрави до поклонениците, Папата на крајот ја изрази својата “духовна блискост“ со личностите зафатени од “Alzheimer“ живеејќи го денес Денот посветен, од Светската Здравствена Организација, на оваа болест.








All the contents on this site are copyrighted ©.