2008-09-16 09:44:04

Папата со француските бискупи


Папата на 14. септември во Лурд се сретна со француските бискупи, првпат откако е папа. Го поздрави претседателот на Француската бискупска конференција парискиот надбискуп и кардинал Андре Винг Троа, истакнувајќи дека бискупите во Лурд се исто така собрани и на својата вообичаена, работна, молитвена и братска средба па потсети и на средбата со Иван Павле II. на 1. јуни 1980. година во Париз. Кардинал Винг Троа рекол дека денеска во време на распаѓање на фамилиите, криза во преносот на вредностите и верувањето, нападот на човечкото достоинство, социјално-економските тешкотии и научните истражувања што се однесуваат на животот и тешката мисија на навестувањето на Евангелието. Да настојуваме не само да го чуеме гласот на Црквата, туку и гласот на човечкиот разум и да сакаме да бидеме вистински сведоци на надешта – рече кардиналот. Осврнувајќи се на годината на Св. Павле, истакна дека бискупите неуморно работат на обновата на мисионерскиот живот, развивајќи нови пристапи кон свештеничкиот позив и формација. Му се заблагодари на Папата за средбата, истакнувајќи дека заедничката концелебрација била сакраментален приказ на заедништвото во молитвата за Црквата и “јасна слика на нашето заедништво со Вас и на нашето заедништво во истиот Господ”.


Светиот Отец ги поттикна бискупите и понатаму да работат во единство и поверение во потполното заедништво со Петар, се осврна и на недостатокот на духовни позиви и ги охрабри бискупите во нивните иницијативи. Бискупот и заедницата на верници мораат да се грижат и да ги поттикнуваат свештеничките и духовните позиви ослонувајќи се на милоста што ја дава Светиот Дух. Папата ја истакна и улогата на лаиците, но и предупреди дека свештеникот не може да ги делегира своите должности и дека свештениците се за Црквата дар од Бога. Ги повика бискупите да ги поттикнуваат свештениците на интимно заедништво со Христос, бидејќи нивниот духовен живот е темел на апостолатот, па ја истакна важноста на секојдневната молитва и достоинственото славење на сакраментите, посебно на евхаристијата и исповедта. Секој свештеник треба да го почувствува задоволството од служењето на Црквата, истакна Папата, и ги повика бискупите да им бидат потпора на свештениците во нивниот духовен и секојдневен пат. Бидете им во близина, а посебно на оние што се во невоља, болесните или старите – повика Папата.


Посебно се осврна на кризата во бракот и фамилииите и критички напомена дека законодавството полесно се прилагодува на барањата на посебните групи отколку на поттикнувањето на заедничкото добро. Светиот отец порача дека фамилијата останува темел на општеството во целина и основна клетка на Црквата. Ги охрабри бискупите да го одбранат начелото за нераскинливоста на бракот, истовремено истакнувајќи дека Црквата останува близу и до тие што не можеле да го одржат. Ја истакана и подршката на бискупите во нивните настојувања во фамилијарниот пасторал, посебно во вид на различни работни групи. Папата се осврна и во подрачјето на пасторалот за младите, па побара повеќе општевствени иницијативи за младите луѓе. Го истакна ентузијазмот на младите за молитвата на која и самиот беше сведок во Сиднеј. Бидејќи живеат во свет полн со барања и тешкотии, на малдите мора да им се покаже дека пермисивноста не носи среќа. Папата исто така ги охрабри бискупите за нивната заложба во однос на катехетското подрачје, истакнувајќи дека вистински успех е прашањето на содржината , а не на методот.


Папата повторно се осврна на концептот на “здрава лаичност”, го истакна правото на автономност на државното подрачје, но исто така побара и присувство на религијата во општевството. Религијата не сака да го завземе местото што и припаѓа на државата, но мора во склоп на постоечките институции и во склад со важечките закони да пронајде начин за истакнување и чување на христијанските корени на Франција. Папата посебно ја пофали “здравата соработка” на државата и Црквата во Франција и плодовите од работата на мешовитата комисија формирана 2002. година. Исто така, Папата ја истакна и важноста од градење на мостови помеѓу големите христијански Цркви и дијалогот со останатите верски традиции. Затоа ги повика бискупите на внимателно пратење на иницијативите коишто поттикнуваат разбирање, дијалог и меѓусебно почитување.


На крајот од средбата Светиот Отец сето тоа го препорача на заговорот на Богородица Лурдска и на Св. Бернардица. Папата потоа се придружи на завршувањето на евхаристијската процесија, се помоли со поклонениците пред Пресветото и им говореше за тајнството на евхаристијата.








All the contents on this site are copyrighted ©.