2008-09-16 13:20:04

Папата Бенедикт XVI ја заврши својата пасторална посета на Франција


Светиот отец денеска ја заврши пасторалната посета на Франција, по повод 150. годишнината од појавувањето на Света Марија во Лурд. На аеродромот Торбес- Лурдес во присувство на првиот министар Филон Папата се опрости со Франција. На италијанскиот аеродром Чампино пристигна во 15. часот и 15 минути, а оотаму со автомобил отиде на Кастел Гандолфо.


Напуштајќи ја Франција Папата своето десето меѓународно патување во Франција и Лурд го спореди со диптих. Во прошталниот говор потсети на главните моменти на оваа пасторална посета истакнувајќи две основни цели: охрабрување на верниците, силни и горди поради својата вера, за да истраат решително во Христовата и црковната наука. Тоа го правеше на мисата во Париз, на средбата со младите, свештениците, посветените лица и семинаристите, како и во говорот пред претставниците од светот на културата, чии толкувачи се, како кажа Папата, “овластени посредници во дијалогот помеѓу верата и разумот, помеѓу Бога и човекот”. Лурд е другата страна од диптихот, поради главната причина на ова патување, 150. годишнината од Маријното покажување на Бернардица. Лурд е како светло во темнината на нашето лутање кон Бога, - како што рече – тука Марија ја отворила вратата за вечноста која не привлекува и заведува”, а Папата три дена помина во Маријното училиште.


Во Лурд мораше да дојде Папата за да ја прослави оваа годишнина. Пред карпата Масабиел молеше за сите. Молеше за Црквата, за Франција и за целиот свет – рече Светиот Отец. Папата беше поклоненик славејќи две литургии, присувствувајќи на процесијата со свеќите и во евхаристијската процесија, а посети и 4 постојки од јубилејниот пат. Се молеше за и со болните, кои доаѓаат во потрага по духовно и телесно окрепување. Се сретна и со француските бискупи со цел да “размислуваат и разменат мислења за своето пастирско послание”, за да го подели со нив “уверувањето дека времињата се погодни за враќањето на Бога”. Папата поздравувајќи се ги охрабри француските верници, ветувајќи им дека ќе им биде близок и од Рим: Кога ќе застанам пред лурдската карпа која повеќе од еден век се наоѓа во Ватиканските градини, ќе мислам на вас – рече Папата.











All the contents on this site are copyrighted ©.