2008-09-12 20:13:31

Првиот говор на Папата во Франција


Десетото апостолско патување на Бенедикт XVI. започна со утрешново полетување од италијанскиот аеродром Чампино за Париз. Папата во 11. часот и 15. минути слета на паришкиот аеродром, кадешто беше пречекан од кардиналот Андре Винг Троа, претседател на Француската бискупска конференција, со двајцата потпредседатели и секретарот на Бискупската конференција, помошните париски бискупи, францускиот претседател Николас Саркози, и првиот министар Франсоа Филон. Папата по протоколните церемонии во автомобил беше одведен во Апостолската нунцијатура.


По краткиот одмор, Папата во 12 часот и 30 минути во претседателската палата се сретна со претседателот Николас Саркози, а кардиналот Тарцисио Бертоне со останатите членови на делегацијата се задржа на пријателски разговор со првиот министар Филон и со неговата делегација. По краткиот разговор во четири очи, Саркози го испрати Папата до свечената сала, му ги представи членовите на француската делегација и му посака срдечно добредојде во француската земја. Обраќајќи му се на францускиот претседател, Папата се заблагодари на срдечното прифаќање, порачувајќи му дека преку него ги поздравува и сите жители на Франција. Нека знаат дека Франција е често во центарот на Папините молитви, кој не може да заборави што има направено Франција ноз вековите за Црквата – рече Светиот Отец и потоа се осврна на своето апостолско патување. Главна причина на моето патување е 150. годишнината од Маријното покажување во Лурд. Сакам да се соединам со мноштвото на поклоненици од целиот свет кои во текот на овие години итаат кон маријното светиште водени од верата и љубовта. Моето поклонение мораше да предвиди и застанување во Париз. Вашиот главен град ми е драг и го познавам многу добро. Често, во текот на годините сум застанувал во него поради своите студии и минатите служби; во него воспоставив бројни човечки и интелектуални пријателства. Радо се враќам овде, радосен сум што ми се укажа шанса да искажам почест на огромното културно и верско наследство кое ја обликува вашата земја – истакна Светиот Отец и потсети на посетата на Саркози на Рим.


По повод на вашата посета на Рим, господине претседателе, вие спомнавте дека корените на Франција, а и на Европа – се христијански. Таа историја јасно зборува дека од самите почетоци вашата земја ја прими евангелската порака. Не може да се заборави дека градот Лион веќе во вториот век имал бискуп, и дека свети Иринеј, автор на делото “Против ерезиите”, силно сведочи за јачината на христијанските мисли. Црквата, во античко време засеена во вашата земја, одиграла цивилизацијска улога на ова место. Вие самите во говорот во Латеранската палата тоа го истакнавте. Добро е познато што има направено Црквата на културен, образовен и духовен план во Франција, за тоа и не треба долго да се зборува – потврди Светиот Отец. Говорејќи за односите помеѓу Црквата и Државата во Франција, Папата истакна дека Црквата сега ужива слобода. Минатото неповерение полека се препбразува во мирен и позитивен дијалог, којшто се повеќе се зацврстува. Вие сте, господине претседателе, со цел за што подобро да го опишете се поголемото разбирање помеѓу Црквата и Државата го употребивте изразот “позитивна лаичност” – примети Светиот Отец и додаде дека е длабоко уверен дека е потребно ново размислување за правото значење и важноста на лаичноста. Основно е, од една страна, да се издржи на разликата помеѓу политичкиот и религиозниот оквир со цел за заштита на верските слободи на граѓаните што е должност на државата, а од друга страна пак, да се постане свесни за незаменливата улога на религијата во формирањето на совеста и плодот којшто таа, заедно со другите институции, може да го даде во формирањето на основниот етички консензус во општеството – предупреди Светиот Отец, споменувајќи дека денешниот свет “нуди малку духовни цели и материјални сигурности”. Социјалната состојба на западниот свет, обележано, за зал, со се поголем јазол помеѓу богатите и сиромашните, ме загрижува. Црквата прави се што е во нејзина моќ, но должност на државата е да донесе закони за искоренување на неправдите – потврди Папата и додаде дека и општата состојба на планетата задава големи грижи. Ми се чини дека дојде време за поттикнување на предлози коишто на идните поколенија ќе им гарантираат благосостојба – заклучи Светиот Отец.


Осврнувајќи се на француското претседателство со Европската Унија, Папата во него гледа можност за Франција да ја искаже својата приврзаност, по племенитата традиција, човечките права и нивното почитување за доброто на луѓето и општеството. Кога европскиот граѓанин лично ќе виде и доживее дека неотуѓивите права на човечката личност, од зачнувањето до природната смрт, како и тие што се однесуваат на слободниот развој, фамилијарниот живот, работата, и секако не заборавајќи на верските права, се почитуваат, значи кога ќе се увери дека тие права, кои прават неделива целина, се поттикнувани и почитувани, тогаш потполно ќе ја свати големината на Унијата и ќе биде нејзин активен творец – утврди Папата и додаде дека задачата не е лесна. Времињата не се сигурни, а тежок е потфатот за наоѓање на правиот пат во лавиринтот на социјалното, економското, националното и интернационалното секојдневие. Посебно од опасноста од оживување на старите неповеренија, потешкотии и спротивставувања помеѓу државите, на што сме денеска загрижени сведоци, Франција, традиционално чувствителна на помирувањето помеѓу народите, повикана е да и помогне на Европа во градењето на мирот внатре, во своите граници, но и во целиот свет. Единството кое треба да се поттикнува не може, нити посакува да стане едноличност, тоа треба да биде спремно да го гарантира почитувањето на националните разлики и различните културни традиции, богатства на европските согласја, имајќи на ум дека националниот идентитет единствено се остварува со отварањето према другите народи и со помош на солидарноста со нив. Папата заклучи изразувајќи надеж дека франција ќе придонесе за да овој век оди, се повеќе, кон смиреноста, складноста и мирот.








All the contents on this site are copyrighted ©.