2008-09-06 09:47:06

Бенедикт ХVI на генералната аудиенција: Светоста не е луксуз за неколкумина, а повик за секој христијанин. Сочуството на Папата за жртвите од невремето во Полска


Периодот на одмори е „едно полезно време„ за подлабоко запознавање со светците, што секој ден Црквата им ги предлага со посебно внимание на верниците. Тоа е подтикот што денеска Папата Бенедикт ХVI го упати на неделната генерална аудиенција, обраќајки се на околу 4.000 верници собрани во дворот на Апостолскот дворец во Кастел Гондолфо. На крајот, кога поздравуваше на различни јазици, Папата го изрази своето сочуство на полскиот народ, којшто овие денови беше погоден од силен бран на невреме, кое направи големи штети и однесе многу човечки жртви.

*********
Кои се светците за Црквата? Еден доста јасен цитат од Евангелието ги споредува боите на виножитото со белината на Божјата светлина. Теолозите и пистелите низ вековите употребувале интуиција и метафори, за да ја подвлечат убавината на нивните души; душите што веќе 2.000 години се најсовршениот начин да бидеш христијанин. Денеска Бенедикт ХVI зборуваше во својата проповед инспирирајќи се од животот и личноста на некои светци, а посебно од нивната светост, која ја определи не како „луксуз или привилегија за неколкумина„ , а како „заедничка цел„ на Божјите деца. Светците се како „жив израз„ на Исусовите зборови. Потоа Светиот Отец повика:

Впрочем колку е важно и полезно во секојденвната медитација на Словото Божјо да се подтикнува познавањето и почита кон светците и на синовската љубов кон Света Богородица!„

Светиот Отец истакна дека овој периодот на одмори представува „полезно време„ за да се прочита некоја биографија или ракописи на некој светец или светица, за да се запознае нивниот живот, одблежувајќи:

Нивниот човечки и духовен пат покажува дека светоста не е луксуз, не е привилегија за неколкумина, а заедничка средба на сите луѓе што се повикани да бидат деца Божји, универзален повик на сите крстени. Светоста е предложена на сите, независно од тоа дали сите светци се еднакви. Не секогаш голем светец е оној што има необични милости. Всушност има многу такви чии имиња само Бог ги знае, бидејќи на земјата имале еден речиси нормален живот„.

Светците за кои накратко зборуваше Бенедикт ХVI, се оние за кои Црквата не потсетува овие денови низ литургиите: Свети Иван Еуд - кој ги почитувал Пресветите Срца на Исус и Марија; Свети Бернард од Кјаравале – голем заштитник на верата и голем учител на Црквата; Света Роза од Лима - првата канонизирана од Јужна Америка. Уште и Свети Пиј Х, за кого Папата цитираше зборови кажани од Иван Павле II во 1985г.:

Се бореше и страда за слободата на Црквата и за ова слобода беше готов да ги пожртвува привилегиите и почестите, за да се справи со несогласувањата и подсмевите, бидејќи сметаше дека оваа слобода е гаранција за безпрекорност и сплотеност во вера.„

Бенедикт ХVI ја заврши Генералната Аудиенција со поздравите на шест јазици. Обраќајки посебно внимание на полските поклоници, кон кои ја изрази својата близост со жртвите од бурите и ураганите, кои овие денови ги зафатија земјите од Источна Европа:

Byli zabici i ranni. Wielu straciło...
„Имате ранети и загинати. Многумина ги изгубија и своите имоти. На сите што на некој начин сте претрпеле некаква штета од оваа непогода, сакам да ја изразам мојата духовна близост и ве уверувам во моите молитви„.







All the contents on this site are copyrighted ©.