2008-09-04 12:30:30

Светиот Отец ја благослови големата бронзена статуа на Мајка Тереза, висока три метри, изработена од еден македонски уметник, донирана на Папата на крајот од вчерашната аудиенција


Рацете се здружени во знак на молитва и прстите од нозете се деформирани од маката и од поминатите километри за да посведочи дека Бог е љубов за секоја личност, без разлика на раса и религија: тоа е пораката којашто ја пренесува големата бронзена статуа на Мајка Тереза, висока три метри, изработена од еден македонски уметник, донирана на Светиот Отец на крјаот од вчерашната аудиенција.
Скулптурата сака да покаже дека религиозната немаше потреба од многу зборови, таа самата со својата личност изразуваше вера, надеж и љубов: тукму затоа беше разбрана од сите и во Индија, држава на многу религии – денеска карактеризирана со насилни тензии – беше наречена мајка.
Папата ја одреди статуата за една римска парохија во изградба, која го носи името на религиозната. До завршувањето на парохијата статуата ќе остане во предворјето на куќата Дарот на Марија во Ватикан. На предавањето на статуата беа присутни бискупот и градоначалникот на Скопје, родниот град на Мајка Тереза.
 







All the contents on this site are copyrighted ©.