2008-09-04 19:09:58

Индија: Наследникот на Мајка Тереза, сестра Нирмала, апелира за прекинување на насилствата против христијаните во Индија


Во предвечерието на годишнината од смртта на блажена Мајка Тереза, 5. септември, Црквата се спротивставува на насилствата против христијаните во Индија со интензивни молитви. Италијанските бискупи го прогласија 5. септември за посебен ден на молитва, а во Индија, Епископската Конференција на Индија го прогласи 7.септември за национален ден за молитва. Според гласноговорникот на Епископската Конференција на Индија, нападите против христијаните се плод на стратегија за формирање на “царството на теророт” во некои делови од државата. Епилогот од насилствата против христијаните изнесува 26 жртви, 50 напади во црквите, стотици опжарени домови и зголемен број на бегалци и исчезнати лица. Индијските бискупи нападите на следбениците инду “нечовечки дејствија” и настојуваат владата да ја гарантира сигурноста на христијаните, како и за проверка на “ насилните обраќања во верата”. Гоелм апел за прекинување на насилствата упати и сестра Нирмала, генерална настојателка на Конгрегацијата на Мисионерките на Милосрдието, основана од Мајка Тереза од Калкута. “Драги браќа и сестри од цела Индија, да не го заборавиме нашиот вистински идентитет на Божји чеда. Ние сме браќа и сестри, независно од религијата, расата, јазикот, сиромаштијата или богатството – ништо не треба да не раздели. Посебно религијата, бидејќи насилството во името Божје е нарушување против религијата... Да се молиме и да ги откриеме нашите умови и срцата за Божјата љубов и светлина! Да ги соблечеме оружјата на насилството и злото и да ја облечеме облеката на љубовта! Да се молиме заедно на нашата мајка, Блазената Тереза од Калкута, за да ни помогне да станеме инструменти Божји, на мирот и љубовта и основачи на цивилизацијата на љубовта”.







All the contents on this site are copyrighted ©.