2008-09-02 12:54:30

Кардинал Мартино: Христијаните не треба да бидат рамнодушни во однос на дискриминацијата на Ромите


“Пред рамнодушноста и дискриминацијата, чии жртви се Ромите, Црквата не може да остане бесчувствителна и рамнодушна”. Тоа го изјави кардинал Ренато Мартино, претседател на Папскиот совет “ Справедливост и мир”, на отварањето на VI Светски конгрес за пасторална дејност на Ромите којшто се одржува во Фрајзинг, Германија. До 4. септември пасторални работници и експерти ќе ја обработат темата “Младите Роми во Црквата и општеството”.

“Црквата – продолжува посланието на кардиналот прочитано од архиепископот Агостино Маркето, секретар на истиот ватикански уред – ги повикува сите луѓе, а посебно христијаните да ја извршат сопствената, а и општата одговорност во политичките кругови, за да биде гарантирано целосното почитување на достоинството на секое човечко суштество”. Задача, која ги очекува владите и меѓународните институции. “Не многу ретко – констатира кардиналот Мартино – присувствуваме на одредена непопустливост и дволичност во односите на владите пред кои не можеме да останеме неми”.

Кардинал Мартино изјави дека “државите треба да го гарантираат не само економскиот, туку и целокупниот развиток на личноста” и ги повика владите да ги потпомогнат образовните институции и прифаќањето на Ромите” во училиштата и асоцијациите, кадешто, според нормите и правилата, се изградуваат и развиваат “урамнотежени и одговорни личности” спремни да учествуваат во општествениот живот.
Медиумите, заедно со Црквата и државните институции, исто така имаат дел од оваа задача – продолжи кардинал Мартино: “да го покажуваат на општеството вистинското лице на ромското малцинство со неговите различни појави, коешто ќе помогне во искоренувањето на предрасудите од умот и срцето кон нив”.

Силен повик за искоренување на “негативните стереотипи” упати и архиепископот Агостино Маркето, секретар на Папскиот совет “Справедливост и мир” во своето излагање за младите Роми, нарекувајќи ги “извор за Црквата и општеството”. “Многу Роми се среќаваат со потешкотии во имањето потполн влез, во однос на еднаквоста, на социјално и санитарно ниво, како и во сферата на живеалиштата, општествените услуги и правото”, заклучи монс. Маркето. Според него за интеграцијата на младите Роми во општеството е потребно “адекватно образование и достојна работа”.

Архиепископот Маркето ја осуди ксенофобијата и насилството во однос на Ромите и ги повика владите “да го гарантираат и олеснат правото на нивно полноправно учевство во општеството, ако е можно, да бидат и националност”. “Отфрлени и со понижено достоинство – дополни ватиканскиот претставник – Ромите имаат потреба од една жива Црква на заедништвото, коешто може да се формира и да помогне во совладувањето на тешкотиите, коешто големата политика не може да го направи”. “Потребно е “да се изградат мостови” и да биде “демонстрирано поверение”, за да можат младите Роми да се почувствуваат “вистински учесници во нашите Цркви”.

Еве ги и конкретните предлози на монс. Маркето во пасторалната дејност на Црквата во однос на младите Роми: “создавање на поголем број црковни центри за насочување на дејноста и културниот обем помеѓу младите Роми; “формирање на мешани комисии помеѓу црковените и државните авторитети за “размислување во однос на проблемите на соочување” и “програмирање на стратегиите на делување”. На крајот, побара од хуманитарните организации и од Каритас да одобрат микрокредити за фамилиите и заедниците за користење во склоп на нивната етниа”.







All the contents on this site are copyrighted ©.