2008-09-02 09:37:45

Ангелов Поздрав: Папата ги повика државите на хумано однесување со иселениците


Во наговорот пред Ангеловиот Поздрав Папата ги повика земјите на прифаќање и земјите на потекло на емигрантите да се заземат за искоренување на причините за иселување. Папата во наговорот од Апостолската палата во Кастел Гандолфо пред мноштвото народ побара од државите на прифакање и на потекло на иселениците да го искоренат криминалот кој е како позадина на овие незаконски патувања на коишто се изложуваат илијадници луѓе. Говорејќи пак, за разорните сили, коишто, се чини владеат со денешниот свет, Папата ги повика христијаните со силата на љубовта којашто произлегува од Христовиот крст да се спротивстават на злобата.


Патувањата на надешта претворени во море без пристаниште. Машки, но често и жени со деца во прегратка или во утробата, стеснети во мали бротчиња, за да побегнат од сиромаштијата или од војната се впуштаат во опасни патувања коишто никогаш нема да ги доведат до пристаништето. Веќе со години, за жал, водите на Средоземното море постануваат огромен гроб за илијадници иселеници. Папата на оваа секојдневна трагедија го посвети наговорот пред молитвата. Говорејќи за секојдневните жртви на таквите патувања, истакна дека селењето е стара појава којашто отсекогаш ги одбележувала односите помеѓу народите и државите, сепак, забележа Папата, - дека во нашево време појавава се има претворено во неволја, пред која не можеме да бидеме рамнодушни, и додека не поттикнува на солидарност, истовремено, бара видливи политички одговори.


Познато ми е дека бројни покраински, државни и меѓународни институции се грижат за илегалните иселувања: им се заблагодарувам и ги охрабрувам да ја продолжат одговорно и човечки својата дејност. Смисол на одговорност треба да покажат и земјите на потекло не само поради тоа што се работи за нивни граѓани, туку и со цел да ги искорени од корен сите криминални работи коишто потекнуваат од овие иселувања – рече Папата.


Говорејќи за државите кои се мета на илегалните иселувања, рече дека европските држави како и сите останати, помеѓу другото, заедно ќе ги развиваат иницијативите и структурите потребни за илегалните иселеници.


Иселениците, пак, треба да се почувствителни за вредноста на нивниот живот, единственото и секогаш драгоцено богатство кое треба да се штити од големите опасности на коишто се изложуваат барајќи подобро услови за живот, како и за почитувањето на законите коишто се обврзувачки за сите. Како заеднички татко, чувствувам голема обврска да обрнам внимание на сите и да побарам великодушна соработка помеѓу поединците и институциите во соочувањето со проблемот и изнаоѓањето на решенија – истакна Бенедикт XVI.

Пред говорот посветен на илегалните иселеници, Папата говореше за природата на злото коешто, во многу облици, се појавува во светот, а и за спасението по Исусовата љубов. Тргнувајќи од неделното евангелие, Папата го претстави тајнството на божјето спасение, коешто се случува по срамната смрт, на крстот, на Синот Божји. Тоа не беше – истакна Папата- дел од окрутниот план на Отецот, туку избор направен поради тежината на болеста од која мораше да не излечи, платен со крв и оплеменет со воскресението. Сепак, продолжи Папата, борбата не е завршена:


Злото постои и опстојува во секое поколение, исто така и во нашево време. Што се војните ужаси, насилствата над невините, бедата и неправдата за слабите, ако не се противење на злото пред Кралството Божје? А како да се одговори на толкавата злоба ако не со разорувачката сила на љубовта којашто ја победува омразата со живот што не се плаши од смртта.

 
Со таа таинствена сила се послужи и Исус, дури и по цена да не биде сватен и да биде напуштен од сите – рече Папата и додаде дека Исусовиот избор е сега одговорност за секој негов следбеник. Како за Христос така и за христијаните носењето на крстот не е необавезно, туку тоа е послание кое треба да биде прегрнато со љубов. Во денешниот свет, каде, се чини, делуваат силите кои разоруваат и делат, Христос на сите им го упатува својот позив: кој сака да биде мој ученик, нека се откаже од својата себичност и нека со мене го носи крстот – заклучи Папата.


Во поздравите на различни јазици на крајот од молитвата, Папата се обрати посебно до кубанските бискупи и верници кои на 8. септември ќе ги почнат припремите за обележување на 400. годишнината од пронаоѓањето на Маријната слика на Богородица од Кобре 1612. година. Посакувајќи им на кубанските верници, по заговорот на Богородица, да што повеќе бидат “ мисионери на евангелието во секоја животна околност”, Папата заклучи: “ Нека Бог ја благослови Куба и сите Кубанци”!








All the contents on this site are copyrighted ©.