2008-08-27 11:46:04

Ангел Господов - Повикот на Папата кон сите народи: Да се избегнува враќањето на нови драматични спротивставувања од минатото.


Папата изрази загриженост за зголемените меѓународни тензии и со еден силен апел ги потсети земјите да го избегнауват враќањето на нови драматични спротивставувања од минатото. Треба да се задлабочи свеста за тоа да се биде дел од Светското семејство – рече Папата. По овој повод Бенедикт XVI базирајќи се на Евангелието од неделната литургијата, потцрта дека мисијата на Петровиот Наследник е да го обедини човештвото преку Христа во едно единствено семејство.


Бенедикт XVI со горчина ја истакна „ опасноста од постепено влошување„ во атмосферата на доверба и односи меѓу државите, кои треба секогаш да знаат дека представуват дел од Светското Семејство, како што и Иван Павле II посочи пред Генералното Собрание на ООН:


Потребно е да биде задлабочена свеста за тоа да се биде соединет со една иста судбина, чија последна истанција е трансцедентна судбина (според. Пораката на Папата за Светскиот ден на Мирот, 1.01.2006, бр.6)за да се избегне враќањето на нациоалистичките спротивставувања, кои предизвикаа толку многу трагични последици во различни историски епохи. Скорашните настани кај некои ја намалија довербата дека некои обиди ќе останат засекогаш во минатото„.


„Но, не треба да сме песимисти!„ – продолжи Папата:


Потребно е активно да се учествува, за да исчезне тенденцијата - нови ситуации да се сретнат со старите системи. Насилството треба да биде стопирано! Моралната сила на правото, еднакви и транспарентни преговори за да се одстранат спротивставувањата, почнувајќи со односите меѓу националната целост и легализирање на народите, верба на даден збор, барање на заедничко благо: ова се некои од основните патишта, што треба да бидат преодени со упорност и креативност, за да се изградат плодни одности и за да се гарантира согласноста, моралниот и граѓански прогрес на сегашните и на идните генерации!„


Папата со молитвата „Марија Царица на мирот„ упати повик, за да можат отговорните на Народите „ да работат благородно и одново да ги вратат главните принципи на мирот и справедливоста„. Пред апелот Папата зборуваше за мисијата на Петровиот Наследник, која всуштност е „ да го обедини човештвото преку Христа во едно единствено семејство„, базирајќи се на Евангелието за денот тој рече:


„Најважната служба се состои во тоа да Црквата не се идентифицира само со една нација или со една култура, а да биде Црква на сите народи, за да направи така да присуствува Божијот мир и обновената сила на неговата љубов помеѓу човештвото, одбележано од многубројни поделби и спротивставувања... Пред огромната одговорност на оваа задача, која ми е доверена од Бога, се повеќе ја чуствувам важноста на служењето на Црквата и на светот. Затоа се обраќам кон вас, браќа и сестри, да ме подржите со вашите молитви, за да можеме заедно , како браќа во Христа, да ја известуваме и сведочиме Неговата присутност во нашиот век„.


Бенедикт XVI потсети за величествената работа на Петар кој признава пред Исус дека е„Христос, Синот на Живиот Бог„ и силно поддржувајќи го „ сознанието дека Христос е вистинско богатство , за којшто вреди сé да се жртвува„:


„Тој е пријател кој никогаш не напушта, бидејќи ги знае најинтимните надежи на нашето срце. Исус е „Синот на Живиот Бог„, Ветениот Месија, кој дошол на земата да го спаси човештвото и да ја задоволи жедта за живот и љубов која живеее во секој еден човек. Каква добивка има човештвото прифаќајќи ја оваа објава која носи со себе мир и радост!„


На крајот додека Папата ги поздравуваше шпанските поклоници напомна за авионската несреќа, што се случи минатата среда на аеродромот во Мадрид, уверувајќи дека ќе продолжи да се моли за жртвите и повредените:


“El Señor conceda fortaleza, consuelo y esperanza a sus familias...
„Да им даде Господ сила, надеж и утеха на нивните семејства, на кои сакам да им го дадам моето сочуство и духовна соединетост. Бог да ве благослови!„








All the contents on this site are copyrighted ©.