2008-08-15 12:07:46

Папаската катехеза на заедничката аудиенција во Кастел Гандолфо


Папата Бенедикт XVI. по двонеделниот одмор почна со своите редовни активности и денеска, предпладне во Кастел Гандолфо имаше заедничка аудиенција со голем број на поклоненици од целиот свет.


Драги, браќа и сестри, враќајки се од Бресаноне, кадешто некое време поминав во одмор, среќен сум што можам да се сретнам и да ве поздравам вас, драги граѓани на Кастел Гандолфо, и вас поколонениците, коишто денеска дојдовте да ме посетите. Сакам уште еднаш да им се заблагодарам на сите тие коишто ми искажаа гостопримство и коишто ме чуваа за време на мојот престој во планините. Беа тоа денови на ведра опуштеност, во текот на кои не престанав да се молам на Господа за оние што имаат потреба од моите молитви. Навистина многумина се оние коишто ми пишуваат и ме молат да се молам за нив. Ми ги кажуваат своите радости, но и своите грижи, своите животни планови, но и проблемите во фамилијата и на работата, очекувањата и надешта што ја носат во себе, како и тешкотиите поради несигурноста којашто човештвото ја проживува во овие моменти – кажа Светиот Отец. Можам да гарантирам дека се спомнувам на сите и на секој посебно, најмногу за време на секојдневните литургии и молитвата бројаница. Знам дека прва служба којашто можам да ја пружам на Црквата и човештвото е молитвата, бидејќи додека молам со поверение ја предавам во Господовите раце службата којашто Тој ми ја има доверено како и иднината на целата црковна и граѓанска заедница. Тој што моли не ја губи никогаш надешта, па ниту тогаш кога се наоѓа во тешки ситуации, или дури, човечки гледано, во безнадежна положба. Тоа нас не учи Светото Писмо и историјата на Црквата.

Колку само примери можеме да наведеме во кои баш молитвата ги подпомагаше светците и христијанскиот народ на нивниот пат – истакна Папата! Меѓу сведоштвата на нашето време би сакал да ги спомнам двајцата светци коишто се слават во овие денови. Тоа се Тереза Бенедикта од Крстот, Едит Штајн, чиј празник го славиме на 9.август и Максимилијан Марија Колбе на којшто се спомнуваме утре, 14.август, во очи на празникот на Блажена Девица Марија. И двајцата својот земен живот го завршија со мачеништво во логорот Аушвиц. На прв поглед нивниот живот може да се смета како неуспех-пораз, но напротив во нивното мачеништво блеска сјајот на онаа љубов којашто ги победува темнината, себичноста и омразата. На Свети Максимилијан Колбе му се препишуваат следниве зборови: “Омразата не е сила на стварањето, тоа е единствено љубовта”. Тој таа љубов ја докажана јуначки начин со великодушната понуда да умре на местото на другиот затвореник. Таа жртва се заврши со смртта од глад во бункерот на 14.август 1941 – нагласи Светиот Отец. Едит Штајн, на 6.август следната година, три дена пред својата смрт, собирајќи околу себе неколку сосестри, од манастирот во Ехт им рече:


”Спремна сум на се. Исус е овде меѓу нас. Се досега можев добро да молам и реков од сесрце: Здраво Крсте, надеж единствена”! Сведоците коишто успеја да го избегнат страшниот покољ, проповедуваат како Тереза Бенедикта од Крстот, свесно одејќи во пресрет на смртта, облечена во кармелитанска носија, истакнувала со своето однесување кое зрачело со мир, ведрина и смиреност, својата грижа за потребите на другите. Молитвата беше тајната на оваа света созаштитница на Европа, која гласи: “по приближувањето на делот од вистината во контемплативниот живот, мораше до крајот да ја искуси тајната на крстот”.


”Радувај се Маријо”! Беше последниот извик на усните на Свето Максимилијан Колбе додека му ја пружеше раката на тој што го усмртуваше со инекцијата полна со карболна киселина. Впечатливо е да се констатира како понизното и поверливото влијание на Богородица беше секогаш непресушен извор на храброст и на ведрина. Додека се спремаме за славењето на празникот Вознесение, којшто, традиционално е еден од најсаканите маријански празници, го обновиме своето поверение во Неа, Која од Небото бдее со мајчинска љубов над нас во секој момент. Тоа е тоа што го говориме во молитвата Радувај се Маријо, молејќи ја да се моли за нас “сега и во часот на нашата смрт” – со овие зборови Светиот Отец ја заврши својата катехеза.








All the contents on this site are copyrighted ©.