2008-08-08 12:31:22

30 годишнина од смртта на папата Павле VI


Папата Бенедикт XVI во неделниот наговор пред молитвата Ангеловиот Поздрав истакна како на празникот Преобразување Господово 6. август 1978. папата Павле VI се врати во Татковата Куќа. Понизен и храбар сведок на вистината, апостол на мирот, поттикнувач на дијалогот помеѓу народите и културите со мудра далековидност го приведе кон крајот Вториот Ватикански Собор. Триесет години по смртта на папата Монтини, се потсетуваме на главните настани од неговиот понтификат. Ја сочував верата, во тоа тврдење изречено неколку пати пред смртта, се отсликува целиот понтификат на Павле VI. Беше благ, но одлучен, заљубен во Вистината, ја водеше Петровата лотка во бурните години за Црквата и светот. За папа е избран на 26.јуни 1963. година, одма пред себе имаше епохална цел: да го приведе кон крајот Вториот Ватикански Собор, којшто со големо надахнување беше започнат од папата Иван XXIII, но заносниот почеток беше со ризик да остане недовршен. На литургијата за почеток на понтификатот 30. јуни 1963. година, Павле VI, не ја скриваше својата загриженост, а на верниците и говореше за своето видување во поглед на Црквата: ќе ја браниме Црквата од доктриналните и обичајните заблуди, коишто одвнатре i однадвор претат на нејзината целовитост и им ја затемнуваат убавината; ние ќе настојуваме да ја зачуваме и негуваме пасторалната вредност на Црквата, којашто ја претставува како сиромашна и слободна, во нејзиното лично однесување како мајка и учителка – рече папата Павле VI.


По три месеци Павле VI. на 29. септември свечено го отвара вториот дел од Соборот, во уводниот говор наведува четири цели: научно излагање за природата на Црквата, внатрешна обнова на Црквата, зголемување на единството помеѓу христијаните и дијалог на Црквата со современиот свет. Папата како милански надбискуп учествувал во првиот дел на Соборот, а како папа не се задоволил со улогата да биде само бележник на Соборот. Внимателно и страствено ја прати работата на соборските отци, мудро настапува во чувствителните околности, а 7. декември 1965. година радосно го заклучува Вториот Ватикански Собор. Соборот на историјата и дава слика за Католичката Црква каква што ја ослика оваа сала, полна со пастири коишто исповедуваат една вера, тежнеат према истата љубов, здружени во истата молитва, строгоста и делувањето, а што ги зачудува сите, сите сакаат само едно, исто како Христос, нашиот Учител и Господ, да се понудат себеси за животот на Црквата – утврдил тогаш папата Павле VI.


Во текот на петнаесетгодишниот понтификат, папата Монтини цврсто се залагаше за мир во светот, засилувајќи го мисионерскиот дух на Црквата, истакнато во писмото “Евангелии нунцианди”. Го насетува Денот на мирот кој би требало да се слави секој 1. јануари секоја година. Постана апостол на мирот до крајот на земјата, во текот на деветте меѓународни апостолски патувања стигна на сите пет континенти. Незаборавен е неговиот говор пред собранието на Обединетите нации во Њујорк на 4. октомври 1965. година, неговиот извик против војната: “ Никогаш повеќе војна, никогаш повеќе! Мир, мирот мора да управува со судбините на народите и со целото човештво!” Павле VI не е рамнодушен спрема страдањата на афричките народи, коишто се уништени од бедата. Во 1967. година ја објавува енцикликата “Напредок на народот”. Развојот е – пишува папата – новото име на мирот”, и појаснува дека развојот мора да биде целовит, усмерен на промоција на целиот човек, на секој човек”. Со Соборот Црквата се осовремени, длабоко се обнови. Поделбите во толкувањата на Соборот не го покажуваат вистинското значење на настаните. Папата трпи поради пост-соборските превирања, но не се одрекува од сведочењето на Вистината, уверен, како св. Августин, дека среќата не е ништо друго туку радост на вистината. Затоа ја објавува енцикликата “Уманум вите” за одговорната љубов во бракот против употребата на вештачките контрацептиски средства. Во текот на 1968. година, време на студентски немири и оспорувања, Папата во католичкиот свет е изложен на големи критики, дури и увреди. Но изборот на Папата беше макотрпен и долго промислуван. Во наговорот пред молитвата Ангеловиот Поздрав на 4. август 1968. година папата говори за енцикликата. Нашиот збор не е лесен, не е складна со обичајот, којшто нажалост денеска се шири, како згоден и наизглед потребен за љубовта и фамилијарната рамнотежа. Ние уште еднаш сакаме да потсетиме дека нормата којашто ја потврдивме не е наша, туку е лична структура на животот, љубовта и човечкото достоинство – рече Папата.


Поттикнувач на “цивилизацијата на љубовта”, Павле VI. Со своите напори за мир го придружува трајното и плодното екуменско залагање, со уверување дека христијаните, само ако се единствени, ќе можат да бидат фактор на помирувањето помеѓу народите. Незаборавна е неговата средба со цариградскиот патријарх Атенагора 1965. година во Ерусалим, нивната братска прегратка потресна и за католиците и за православните. Една година, потоа, Црквите си ги повлекуваат меѓусебните анатеми од 1054. година.


Истовремено се одвива диајалог и со англиканците. Павле VI, 1966. година се среќава со кантербурскиот надбискуп Михаел Рамсеј, а три години подоцна, во Женева, го посетува Екуменскиот совет на црквите. Чувствителен, каков што беше, Папата 1978. година, доживува тежок момент: заробувањето на личниот пријател Алдо Моро. Многупати во наговорите пред Ангеловиот Поздрав директно се обраќаше до Црвените бригади за да го ослободат. Да се помолиме заедно за оние коишто во овие денови трпат, носејќи ја во себе живата трага на Кристовата мака: за фамилииите кои ги оплачуваат своите драги, коишто убивачката омраза ги покоси додека си ја вршеа својата должност, а таа уште еднаш му прети на мирниот друштвен соживот; да се помолиме за нашиот драг Алдо Моро за да биде вратен кај своите драги, којшто е заробен во дивјачка заседа, рекол Павле VI. 19.април 1978. година.


Човек со голема култура, љубител на уметноста и книжевноста, во текот на неговиот понтификат најпознатите италијански кипари работат за Светата Столица, а исто така многу придонесува за развојот на Радио Ватикан и важноста на Папската академија за наука. Го поттикнуваше светот на културата да служи на вистината, да се залага за промоција на човечкото достоинство, створен на Божја слика и прилика. Меѓу бројните плодови од неговиот понтификат вреди да се спомне реформата на Римската курија, литургијската реформа и јубилејната 1975. година. Павле VI на 29. јуни 1978. година, нешто повеќе од еден месец пред неговата смрт, како и св. Павле, мораше да каже дека добар бој биел: Нашата служба е иста како и Петровата, на којшто Христос му го довери мандатот за уцврстување на браќата во верата: тоа е служење на верската вистина (...) Ете, браќа и синови, тоа е неуморна, будна и неодолива накана која ме поттикнуваше во овие петнаесет години од папството. Ја сочував верата!, денес можеме со мирна и понизна совест да кажеме дека никогаш не ја предадовме светата вистина – заклучил Павле VI.








All the contents on this site are copyrighted ©.