2008-07-29 13:53:46

Светскиот ден на младите во Мадрид не биде како и во Сиднеj – порака на надешта, а не на противеньта


Светскиот ден на младите, во Сиднеј, ќе биде порака на надешта, а не на противењето – рече о. Федерико Ломбарди, главниот уредник на нашата радиостаница, навраќајќи се на деновите кои Светиот Отец ги помина во Сиднеј. Отец Ломбарди најпрво спомна, дека Светиот Отец Папа е задоволен од тоа како помина, штотуку завршениот Светски ден на младите, бидејќи – како што рече – откако се се заврши и по светата миса, Папата помина цел ден благодарејќи за се што е направено и за големиот труд што е вложен во организацијата на Светскиот ден на младите. На новинарското прашање која е главната порака на овој Светски ден на младите, о. Ломбарди истакна дека таа е поврзана со темата, на која Светиот Отец се држеше во своите катехези, а тоа е темата на христијанското сведочење како плод на Светиот Дух, Духот кој е присутен во животот на христијанинот и кој преку Светите тајни (Сакраменти), го присвојува и преобликува животот на секој од нас. Освен тоа би рекол, дека случувањето на Светскиот ден на младите сам по себе е една порака, тоа е порака на ведрината на црквата и порака на надеш – истакна о. Ломбарди. Во Сиднеј, во тој голем и секуларизиран град, се почувствува ведрина и сооучество на целото општество со онаа река на млади луѓе, кои сведочеа радост и ведрина во својот живот, за што се залагаат во складност со својата христијанска вера. Верувам дека тоа е голема порака, голема помош на Светскиот ден на младите за околината во која се одржува, за околината, којашто ќе го види ова случување. Мислам дека и за иднината тоа е голема помош, помош која Светскиот ден на младите ја праќа до општеството, на денешниот свет и на светот во иднина. Навраќајќи се повторно на тоа што наредниот Светски ден на младите ќе се одржува во Мадрид, о. Ломбарди рече дека има такви, на кои ќе и биде жал бидејќи, поради организациски и сигурносни проблеми, сеуште не е можно тоа случување да се одржи во Африка. Се враќаме во Европа, иако намера е африканскиот континент да се вклучи во тоа случување на сите можни начини. Европа веќе повеќе пати беше домаќинна Светскиот ден на младите, ама тоа е континент на којшто се среќаваат верата и проблемите на современото општество – секуларизација и развој, кои светот ги поставува пред верата. Папата често зборува за опасностите коишто навираат над Европа, односта за можноста да се изгубат темелните вредности кои се поврзани со христијанската традиција и доприносот којшто го дала верата во развивањето на тој континент. Тоа ќе биде една од главните теми на следниот Светски ден на младите, ама без било какви полемики и спротивставувања на светот што не опкружува – придодаде о. Ломбарди. Присеќавајќи се, на крајот, на Светскиот ден на фамилијата одржана во Валенсија, о. Ломбарди истакна дека пораката на Папата и тогаш беше силно позитивна, концентрирана на убавината на христијанството. Во ова време, во кое фамилијата живее во големи потешкотии, да се биде христијанин претставува голема порака. Мислам дека тоа треба да биде духот на следниот Светски ден на младите во Шпанија – порака на надеш, порака која вели дека верата дава убав и голем допринос за иднината на нашето општество, на нашиот свет, исто како што беше тоа во Австралија – рече на крајот о. Ломбарди.







All the contents on this site are copyrighted ©.