2008-07-25 20:00:16

Отец Ломбарди за обврските кои го очекуваат Светиот Отец


Овие денови коишто Папата ги минува во својата летна резиденција, Кастел Гандолфо, се денови на деломичен одмор и исчекување на заминувањето во алпските предели на италијанскиот град Бресаноне. За утре е предвидена аудиенција во која Светиот Отец ќе го прими ирачкиот премиер Нурија ал-Маликија; во недела, во апостолската палата на Кастел Гандолфо ќе ја предводи пладневната молитва Ангеловиот Поздрав, а во понеделник, 28 август, ќе отпатува за Алто Адиџе. Меѓутоа, и покрај предвидениот одморо којшто е многу близу, подготовките за следното патување на Папата, во септември, се во полн ек. Светиот Отец, во септември, најпрво, ќе го посети Каљиари, а потоа Париз и Лурд.


За тие важни патувања и настани за нашето радио се осврна отец Ломбарди, директор на Печатачкиот уред на Светата Столица и наш главен директор, притоа истакна дека утрешната аудиенција е многу важна, бидејќи кога се мисли за мирот во светот, се мисли на мирот на Средниот Исток. Meѓутоа, таа е важна, истотака, и ако мислиме на проблемите кои ги имаат католиците, и христијаните воопшто, во таа земја, во која знаеме дека живеат со потешкотии. Да се потсетиме само на смртта на монс.Рахоа и на иселувањето, присилно, на бројните христијани од таа земја. Тоа е народ кого го гледаме со сочувство и грижа. Светиот Отец постојано мисли на тоа во своите секојдневни молитви – примети о. Ломбарди.


Осврнувајќи се на одењето на Папата во покраината Алто-Адиџе, кадешто ќе престојува до 11.август, о. Ломбарди напомена дека самиот Свети Отец сакаше да оди во Бресаноне, со којшто го поврзуваат многу спомени од минатото. Тоа е место со посебни вредности за германската култура и јазик. Тоа што ние го нарекуваме Алто-Адиџе, на германски јазик се нарекува Јужен Тирол, тоа е важно место за германскиот јазик. Така, Папата на тоа место може добро да се чувствува – кажа о. Ломбарди и изразувајќи надеж, дека во тој период Светиот Отец, навистина, ќе се одмори добро, кажа дека не се предвидени никакви обврски освен веќе традиционалната средба со свештениците од таа бискупија, но и од поширокото подрачје. Ќе биде тоа сигурно, како што беше минатите години, многу богат и интересен разговор – примети о. Ломбарди.


Што се однесува пак до обврските во септември, о. Ломбарди ги наведе веќе споменатите патувања во Каљиари, Париз и Лурд, а потоа го истакна и Бискупскиот синод, за кој – какошто истакна – Светиот Отец веќе се спрема. Можно е, ако се одмори добро, да посвети време на вториот дел од книгата за Исус, или, пак на довршувањето на својата социјална енциклика, која веќе долго време ја исчекуваме. Или, можеби, којзнае, мисли и на нешто друго; и минатата година ни подари енциклика за надешта, која на некој начин, не ја очекувавме, но која сигурно во неа созреала во длабочините на молитвите и размислувањата – рече о. Ломбарди.








All the contents on this site are copyrighted ©.