2008-07-22 11:32:58

Светски ден на младите, завршна порака: отворете ги своите срца за силата на Духот за да го донесете светот до Христа


Отворете ги своите срца за силата на Духот за да го донесете светот до Христа – беше апелот сто го упати Папата Бенедикт XVI на мноштвото млади соберени на хиподромот Рандвик, за време на Светата Миса со која заврши Светскиот ден на Младите. Папата ги повика младите да имаат храброст со исусовите зборови “да”, бидејќи – како што кажа – Божјата љубов може да ја шири својата сила само доколку и допуштиме да не промени одвнатре. (Papa: „World Youth Day 2001 will take place in Madrid, Spain“).


Голема беше радоста кај младите Шпанци по објавувањето на веста дека следниот Светски ден на младите ке се одржи во Мадрид 2011. година. Тоа го објави Светиот Отец денеска, одма по Ангеловиот Поздрав, на крајот од мисата со којашто заврши 23. Светски ден на младите во Сиднеј. Пред Светата Миса Папата, најпрво надлетувајќи ја рамнината со хеликоптер, ги поздрави 230.000 млади кои целата ноќ ја поминаа на хиподромот Рандвик, а потоа помина преку целиот хиподром со папамобилот. На присутните млади им се придружија уште и 120. 000 верници од Сиднеј и од другите делови на Австралија. На Мисата беа околу 500 сослужители – кардинали, бискупи и свештеници, а прославата беше пропратена од хор со 300 пејачи и оркестар од 80 членови. На почетокот на Мисата кардиналот Пели им се заблагодари на сите коишто го овозможија овој Светски ден на младите, а посебно на младите коишто се жртвуваа за да дојдат во оваа далечна земја. Ама, со својата присутност и воодушевување ја почестивте Австралија – истакна кардиналот Пели. За време на Мисата, евангелието, танцувајќи, беше донесено од страна на група семинаристи од Фиџи, облечени во традиционална носија, а потоа пристапија и 24 млади од сите краеви на светот, коишто за време на Мисата примиа Миропомазание.


„The Lord is asking you to be prophets……“
Бог од вас бара да бидете пророци во овие нови времиња, навестители на неговата љубов, способни да ги привлечете луѓето кај Отецот и да изградете иднина на надеж за целото човештво – рече Светиот Отец говорејќи повторно за Светиот Дух кој од нас прави негови сведоци. Силата на Светиот Духе сила на Божјиот живот, таа е сила на самиот Дух кој го подигна Исуса од смртта. Таа е сила која нас и нашиот свет го води према Кралството Божје. Меѓутоа, милоста на Духот – вели понатаму Папата – не е нешто што можеме да го заслужиме или освоиме; можеме само да ја примиме како дар. Тој дар треба да го бараме во молитвата, единствена која може да ја победи нашата рамнодушност, нашиот духовен замор, нашето прилагодување на духот на сегашноста – подвлече Светиот Отец, потоа постави и неколку прашања за младите.


Што ќе им оставите на идните поколенија? Им оставате ли простор за Духот, во светот кој сака да го заборави и отфрли Бога во име на лажната слобода? Засилен со Духот, новото поколение на христијани повикан е да допринесе во изградбата на светот во којшто се прифаќа и почитува животот и во кој се снабдува со љубов; во којшто не се отфрла и не се плаши од него, како да е нешто опасно, па затоа треба да се уништи – рече Светиот Отец и го истакна новото време во кое љубовта не е егоистична, туку чиста, верна и слободна, отворена према другите и која го почитува нивното достоинство, тоа е љубов која го поттикнува нивното добро и зрачи со радост и убавина. Потребно е ново време во кое надешта ќе не ослободи од површноста, рамнодушноста и затвореноста коишто ги умртвуваат нашите души и ги трујат човечките односи. На Црквата и е потребна таква обнова – истакна Папата. Нејзе и е потребна вашата вера, вашиот идеализам и вашата великодушност, за да може да биде секогаш млада во Духот. На Црквата и е потребен дарот од сите млади. Таа треба да расте во силата на Духот којшто и сега вам ви дарува радост и поттик за да служите на Господа – нагласи Папата. Да бидеш потврден во Духот значи да не се плашиш да го браниш Христа, допуштајќи и на вистината на Евангелието да продре во нашиот начин на гледање, размислување и делување, додека работиме за победа на цивилизацијата на љубовта. Нека овој 23. Светски ден на младите биде доживеан како нов Ценакул, како би сите ние, опфатени од огнот на Светиот Дух, можеме и понатаму да го проповедаме Воскреснатиот Христос и да го привлечеме кон Него секое срце – кажа на крајот Светиот Отец.


На крајот од евхаристиското славје, кардиналот Станислав Рилко, претседател на Папскиот совет за лаици, кажа дека младите поклоненици од различните нации посведочиа дека вреди да се биде Христови ученици, дека е убаво да се биде христијанин, и додаде дека во лицето на Светиот Дух се покажува Црквата – пријателка на младите. Тоа е Црква која ги слуша, ги бара, прати и поучува – подвлече кардиналот Рилко.


Со огномет и со звуците на химната се изгаснаа рефлекторите на овогодишниот Ден на младите, одржан во Сиднеј, ама Светиот Дух ги запали срцата на многумина млади, повикани да сведочат по светот дека е можна цивилизацијата на љубовта.








All the contents on this site are copyrighted ©.