2008-07-22 11:35:48

ЕХПО Сарагоса: 14 јули – ден на Светата Столица


Со концерт во чест на Папата Бенедикт ХVІ во салата “Аудиториум”, во исполнување на Европскиот симфониски оркестар, литургија и меѓународен конгрес за екологискиот однос и животот на човекот, денеска беше одбележан денот на Светата Столица на Светската изложба во Сарагоса, Шпанија, посветен на “Водата и понатамошниот развиток”. Денот на Ватикан е предводен од кардиналот Ренато Мартино, претседател на Папскиот Совет за Правда и Мир, придружуван од апостолскиот нунциј во Шпанија, архиепископот Мануел Монтеиро де Кастро и архиепископот на Сарагоса, монс. Мануел Пастор. Денот започна со божествена литургија во катедралата Дева Марија, којашто ја отслужи кардиналот Ренато Мартино. Средствата од концертот ќе бидат наменети за организацијата “Протегнати раце”, со коишто средства ке бидат потпомогнати водните проекти на земјоделското население во Индија. За време на тридневниот конгрес, на ватиканскиот станд, беа претставени теолошките аспекти за односот кон природата и врската со одговорноста на човекот како одговор на Божјата заповед за зачувување на Божјите Созданија.
Штандот на Светата Столица е дело на шпанскиот архитект Хоакин Карнисер и предвидува конструкција-размислување во три етапи: “Водата, живот и надеж”; “Водата и искуството во историјата на Спасението” и “Водата богатство ѕа сите”. Ватиканскиот станд претставува и околу 40 дела на искуството со голема човечка вредност: скулптури, златни предмети, текстил и др. Истотака, и некои разгледници од Ватиканските музеи. Меѓу кои “Крштевањето Христово” дело на Ел Греко, како и творби од Арагонската бискупија, музеи и енории од други шпански региони. Само за време на првиот ден од отварањето на Ехпо Сарагоса 2008 на 14 јуни, бројот на посетителите на ватиканскиот станд бил 4318.








All the contents on this site are copyrighted ©.