Папската академија за живот е научна институција за унапредување и одбрана на секој
човечки живот. Папата Иван Павле Втори, со мотото “ Животно Таинство” во 1994, ја
има основано академијата, а од вчера нејзин нов претседател е надбискупот Рино Физикела,
ректор на Папскиот универзитет св. Иван Латерански.
Говорејќи за предизвиците
со кои мора да се соочи академијата во разговор за нашата радио станица, новоименуваниот
надбискуп Физикела, рече дека на сите им е познато дека академијата се бави со најосетливите
етички теми, кои сега се во центарот на вниманието во Италија и Западот. Таа голема
одговорност треба да се поврзи со способноста за гледање напред во иднината поради
изнаоѓање на начини со кои луѓето со различни убедувања и различни култури би можеле
да го прифатат христијанскиот поглед на животот – рече надбискупот Физикела.
На
новинарското прашање која е најосетливата тема, рече дека не смее да се заборави животот
како таков, со своите сложености, како што се испитувањата врз матичните станици и
проблемот со еутаназијата. Треба да се биде спремен, по мое мислење, во тие случаи
да се одреди приоритетот, свесни дека во тоа подрачје не можеме да работиме сами,
потребна е заедничка работа, бидејќи животот не се однесува само на една група на
луѓе туку на целото човештво – истакна надбискупот и додаде дека мораат повторно да
се откријат темелните начела на природниот закон. Оваа година обележуваме 60. годишнина
од Повелбата за општите права, затоа имаме должност да се повикаме на природниот закон,
бидејќи општите права се донесени со свеста, дека некои права вредат без разлика на
вера, национална припадност и политички избор, тие имаат заеднички предзнак којшто
се однесува на секоја личност во било кој дел на светот – рече надбискупот.
На
забелешката дека многумина црквениот поглед на животот го сметаат за спротивставен
на научниот напредок, надбискупот рече дека мора да се развива едно позитивно мислење.
Црквата, спротивно на тоа како се зборува често, со голема претпазливост и поверение
гледа на науката. Ама, и науката ,истотака, мора да биде свесна дека таа самата не
е последниот одговор којшто може да се даде на човечкиот живот. Науката е средство,
науката е едно од најголемите човечки достигнувања. Со науката мораме да имаме поттикнувачки
однос, но и научниците, истотака, мораат да сватат дека никој не може да го ѕамени
створителскиот Божји чин. Треба да се зголеми соработката со науката бидејќи, колку
повеќе го збогатуваме разумот – како што вели Папата – толку повеќе го прошируваме
неговиот капацитет и поспособни сме да ги делиме заедничките погледи, а истотака поуспешни
сме и во изнаоѓањето на облици за поттикнување на животот – заврши надбискупот Физикела.