2018-03-27 14:51:00

Папата се заблагодари на ватиканските сили за безбедност


Претпознатливо и дискретно е вашето присуство со кое го поддржувате римскиот епископ во неговата пасторална служба – со тие зборови, по повод традиционалната средба, папата Фрањо се обрати до водството и персоналот на Инспекторатот за јавна безбедност во Ватикан, и истакна дека во бројни и различни прилики може да се смета на нивната скапоцена соработка.

Претпазливо присуство

Благодарен сум ви за вашето претпазливо присуство и помошта која ја давате во текот на славењето на литургиските обредите и бројните случувања во базиликата Свети Петар и во целиот Град Ватикан – им рече Светиот Отец и додаде: Папата и неговите соработници, освен тоа знаат дека можат да сметат на вашата соработка во текот на пасторалните посети на парохиите, на граѓанските и црковните институции во Рим, како и по повод пасторалните посети во Италија.

Дискретен надзор

Уште една заслуга на членовите на инспекторатот е гарантирањето на дискретниот и делотворниот надзор над илјадниците ходочасници кои секој ден го посетуваат гробот на апостолот Петар живеејќи го така тоа силно искуство на верата во голем мир – рече Папата. Тоа е служба која секој ден се „храни“ со граѓанските и човечките идеали, кои се карактеристични за членовите на италијанската полиција..

Придонес за посланието на Црквата

Меѓутоа посебните прилики во кои работите ви овозможуваат да ја зацврстите својата професионална посветеност, црпејќи сила од вечната евангелска вистина. Така преку својата работа ги сведочите човечките и духовните вредности на христијанството, можете исто така да дадете придонес за посланието на Црквата – рече папата Фрањо.

Ред и дијалог

Светиот Отец исто така истакна дека Ватикан не е цел само на христијаните од разни краишта во светот, туку и на претставници од другите религии, државните службеници и црковните и граѓански угледни личности кои доаѓаат во Рим за да се сретнат со Папата, а кои благодарение и на работата на инспекторатот вдишуваат атмосфера на мир и дијалог. Благодарение на вашата работа, тие средби се со цел дијалог, како и посетата на сведоштвата на културите и верата кои се чуваат во Градот Ватикан можат да се остварат во мир и ред – рече Папата.

Денешната аудиенција беше прилика и за взаемно честитање на Велигден. Папата сите присутни, како и нивните семејства ги довери на заштитата на Марија. Нека таа ве поддржува и ги прими вашите накани претставувајќи ги на својот Син; нека биде подршка на вашите семејства. А семејството за вас е многу важно! – истакна папата Фрањо.

Чувари на Папата и на луѓето

На крајот на средбата Светиот Отец на сите присутни им подари слика од свети Јосиф. Вашето послание опфаќа постојано чување, а јас не знам како да ви се заблагодарам за работата која ја извршувате – рече Светиот Отец. Тоа што секогаш ми паѓа на памет е следното: тие луѓе се жртвуваат за да го „чуваат“ Папата, за да ги чуваат луѓето, да не се појави некој безумник кој би можел нешто да направи, некое крвопролевање, и да уништи многу семејства. Тој збор „чува“ многу пати се појавува.

Така мислев на Исусовиот чувар – додаде Светиот Отец. Заради тоа на вас за Велигден сакам да ви ја подарам сликата на свети Јосиф, Исусовиот чувар, за да ја понесете со себе и да видете каде ќе ја поставите. Тој е мој подарок од срце – рече папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.