2018-02-01 15:57:00

Новата конституција го реформира католичкото образование


На 29 јануари 2018 година е објавена новата конституција „Veritatis gaudium – Радост на вистината“ за црковните универзитети и факултети. Во документот меѓу другото се поттикнува студирање со „отоврен дух и на колена“, унапредување на научното истражување и промовирање на средбата и дијалогот, при тоа не заборавaјќи ја опцијата за најсиромашните. Радост на вистината – објаснува Папата – го изразува немирот на човечкото срце додека не го пронајде и не живее во Божјото светло и додека тоа светло не го сподели со сите. Вистината пак не е апстрактна идеjа, туку тоа е Исус – истакна Светиот Отец. Потсетуваме дека конституцијата ќе започне да се спроведува од следната академска година.

„Veritatis gaudium“ донесува нови одредби поврзани за црковните образовни институции, кои досега беа уредни со апостолската конституција на светиот Иван Павле II. „Sapientia christiana – Христијанска мудрост“, која е објавена 1979 година. Папата Фрањо објасни дека скоро 40 години по објавувањето на спомнатиот документ, неопходно е унапредување. И додека тој документ останува потполно валиден во својата пророчка визија и точно изразување, потребно беше да се вклучат норми и одлуки кои во меѓувреме се донесени, земајќи го во предвид развојот на универзитетските студии, кои се случија во последните неколку децении, како и променетиот општествено – културен контекст на светско ниво.

Папата Фрањо во документот нуди четири критериуми за обнова и повторно поттикнување за да дадат црковните студии придонес на мисионерската Црква во излегување. Првиот и најважен критериум е контемплацијата, како и духовното, интелектуалното и егзистенцијалното воведување во срцето на керигмата, имено во секогаш новата и привлечна Радосна вест за Исус Христос. А таа Радосна вест денес се покажува како определба за последните, за оние кои ги отфрла општеството и ги остава настрана, а таа опција треба да поттикнува претставување и понатамошно проучување на христијанските вистини – пишува Светиот Отец.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.