2018-01-29 17:13:00

Папата ја посети украинската заедница во Рим


Папата Фрањо во недела 28 јануари 2018 година ја посети украинската источно-католичка заедница во црквата Света Софија во Рим. Тој нагласи дека е близок до судбината на Украинците, чија земја е во војна веќе четири години.

Разбирам дека додека сте тука вашето срце чука за својата земја, и чука не само од љубов, туку пред сѐ поради маките и економските тешкотии. Папата ја искажа својата близина со украинскиот народ и нагласи дека се моли за мир во земјата. Истовремено Светиот Отец ја пофали напорна работа на многу Украинци кои се далеку од дома за да заработат за своите роднини за да ги издржуваат. Тој се молеше повеќе да нема потреба да прават таква „надчовечка жртва“ за да ги прехранат своите најблиски.

Папата ги поздрави бројните присутни верници со анегдота. Имено, Папата се пошегува дека секој ден го започнува и завршува „украински“, алудирајќи на иконата на Богородица која му ја поклони големиот архиепископот Свјатослав Шевчук уште додека беше во Буенос Аирес. Доверувајќи им се на присутните истакна дека таа икона е една од неколкуте избрани работи кои ги донел во Рим. Тој откри дека секоја вечер пред спиење ја бакнува иконата и наутро ја поздравува Богородица. На ова пристуните верници одговорија со силен аплауз.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.