2018-01-13 14:53:00

Vatican News го следат повеќе од 4 милиони корисници


Заедницата Vatican News по неодамнешното преструктуирање на платформата премина бројка од 4 милиони корисници на социјалните мрежи, поточно на Facebook, Twitter, YouTube и Instagram.

Така на Facebook повеќе од 3 милиони луѓе ја следат страницата Vatican News која е достапна на шест јазици: англиски, италијански, француски, шпански и португалски.

На Twitter пак е исправена претходната фрагментација и се направени препознатливи сите шест профили @vaticannews. На тоа треба да се додаде и новиот профил @radiovaticanaitalia кој промовира и ги прави достапни информациите за активностите на Радио Ватикан Италија, а исто така единствен e повеќејазичниот канал на Vatican News на Instagram. Освен гореспомнатите Vatican News поседува и YouTube канал на шест јазика, а на корисниците им нуди можност во живо или на барање да ги следат активностите на Папата.

Социјалните мрежи на Vatican News ги координира Уредничкиот и Теолошко-пастралниот оддел на Секретаријатот за комуникација. Профилите на Папата на социјалните мрежи се доверени на тимот на Секретаријатот за комуникација кој соработува со Државниот секретаријат на Светиот Престол. Профилите на Папата опфаќаат @Pontifex na Twitter, кој на девет јазици, го следат повеќе од 44 милиони луѓе, и на Instagram кој брои повеќе од 5 милиони следбеници на еден повеќејазичен канал.

Зајакнувањето на нашето присуство на социјалните мрежи е една од последиците од големиот процес на реформата на ватиканските медиуми која се ближи кон крајот – рече монс. Дарио Вигано префект на Секретаријатот за комуникација. И тоа сигурно е позитивен резултат кој е постигнат благодарение на посветеноста на нашите новинари и техничкиот персонал. Како комуникациски стручњаци, во согласност со логиката на Црквата која гледа кон надвор, повикани сме да бидеме меѓу луѓето. Денес тоа значи да се биде присутен на социјалните мрежи и интернет е одговорно и со уверување. Затоа нашата перспектива мора да биде прилично јасна: тоа мора да биде перспектива која од нас бара во центарот да ја ставиме човечката личност, односите, културата на средба, и дури на крајот технологијата – рече префектот на Секретаријатот за комуникација.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.