2018-01-02 15:30:00

Папата: Богородица е нашата посредничка


Девица Марија ни помага да сфатиме како треба да се прими Божиќниот настан – не површно, туку во срцето. Таа нѐ упатува на вистинскиот начин на кој треба да го примиме Божјиот дар – треба да го чуваме во срцето и да размислуваме. Тој повик е упатен на секој од нас, да се молиме, контемлирајќи и уживајќи во тој дар, кој што е самиот Исус – рече папата Фрањо на првиот пладневен говор на молитватаа Анге Господов, во Новата година, на 1 јануари на празникот Пресвета Богородица. Со помош на Марија Божјиот Син добива телесност – истакна Светиот Отец, но мајчинството на Марија не се сведува само на тоа.

Првата Исусова ученичка

Благодарејќи за својата вера, таа е и првата Исусова ученичка, а тоа го „проширува“ нејзиното мајчинство – објасни Папата. Верата на Марија во Кана ќе го поттикне првиот чудесен „знак“, кој придонесува за поттикнување на верата кај учениците. Со таа иста вера Марија е присутна и под Крстот, и го прима како син апостолот Иван, и на крајот после воскресението, станува Мајка која моли, врз која на Педесетница, со својата сила слегува Светиот Дух.

Посебна задача на Марија

Повикувајќи ги сите да го упатат погледот кон неа, како би продолжиле под нејзината мајчинска заштита да одиме по патеките на ова време, Папата ја истакна посебната задача на Божјата Мајка – се поставува помеѓу својот Син Исус и луѓето во стварноста на нивните откажувања, сиромаштво и трпење. Таа посредува, свесна дека како мајка може, а и мора на својот Син да му ги претстави потребите на луѓето, и тоа најмногу на оние најслабите и најсиромашните.

Токму на тие луѓе им е посветена темата за Светскиот ден на мирот, кој се одблежува денес, а гласи: „Преселеници и бегалци: Мажи и жени во потрага за мир“. Сакам уште еднаш да бидам глас на нашите браќа и сестри, кои свртуваат внимание за мирот на својата иднина – рече папата Фрањо. За тој мир, кој е право на сите луѓе, многумина од нив се подготвени да го ризикуваат животот на патот до мир, кој во поголем дел од случаите е долг и опасен и бара соочување со напор и страдање.

На сите да им се гарантира мирот

Поттикнувајќи ги сите да не ја згаснат надежта и очекувањето на мирот во срцата на тие наши браќа, Папата истакна дека е важно сите, граѓански установи, воспитни, црковни и установи за јавна помош, да се заземат како бегалците, преселениците и сите луѓе да им се загарантира иднината на мирот. Доверувајќи ја на Марија оваа нова година, само што започна, папата Фрањо го повика Господ да ни даде во оваа година великодушно да работиме како би оствариле солидарен и гостољубив свет.

По молитвата Ангел Господов Папата заблагодари на италијанскиот претседател за честитките, упатени во пораката по повод завршетокот на годината и изрази задоволство за бројните иницијативи за молитви и ангажирање за мир, кои во сите краишта во светот се организирани по повод денешниот Светски ден на мирот.

Посебно мислам на националната поворка одржана синоќа во местото Сото ди Монте, организирана од Италијанската бискупска конференција, заедно со Италијански Каритас,  движењата Pax Christi и Католичка акција – рече папата Фрањо и ги поздрави учесниците на манифестацијата која се одржува во повеќе земји под мотото: „Мир во сите земји“, организирана од заедницата свети Егидиј. Драги пријатели, ве охрабрувам радосно да продолжите со вашето ангажирање за солидрарност, посебно на перифериите на градовите, како би помогнале за мирниот соживот – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.