2017-08-09 10:40:00

Меѓународен ден на домородните народи


На 9 август се одбележува Меѓународниот ден на домородните народи.

Основан во 1994 година, целта на тој ден е да ги промовира правата на домородните заедници на планетата, кои често се жртви на дискриминација и се угнетувани за економски интереси. Во светот денес живеат повеќе од 370 милиони домородни луѓе во 70 земји во светот, а говорат 5000 јазици и имаат развиено култура и знаење, давајќи значаен придонес на историјата на човештвото.

Но, домородното население се наоѓа во многу неповолна и ранлива положба: сочинуваат 15% од вкупниот број на сиромашни во светот. А работата да биде уште полоша, домородците се отфрлуваат, дискриминираат, злоупотребуваат и се истеруваат од нивните земји и домови, а тоа последните години се засили заради глобализацијата на економијата и последиците од климатските промени.

Според шпанската невладина организација Manos Unidas,, која со години се занимава со заштита и подобрување на животот на најранливите луѓе, домородното население трпи заради кршењето на човековите права, а покрај тоа е соочено и со друг голем предизвик: економските проекти кои се настојува да се остварат во нивните земји. Тие проекти многу често ја деградираат животната средина од која зависи опстанокот на домородните народи.

Папата Фрањо се осврна на вториот проблем за време на средбата со претставниците на домородните народи, кои во февруари ова година се собраа во Рим, по повод 40 седница на Одборот на управители на Меѓународниот фонд за развој на земјоделството. Во таа прилика, Светиот Отец рече дека проблемот се главно забележува кога се прави обид да се организираат економски активности кои можат да се во спротивно со домородната култура и нивниот исконски однос со земјата. Истакна дека правото на претходна и информирана согласност секогаш мора да преовладува, затоа што единствено така е можно да се загарантира мирољубива соработка помеѓу административните органи и домородните народи, високо над противречностите и конфликтите – рече тогаш Папата.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.