2017-05-18 11:15:00

Папата ги прими епископите од Перу


Предизвиците на Црквата во Перу беа во фокусот на средбата на папата Фрањо со епископите од Перу на 15 мај 2017 година во Ватикан, кои дојдоа во Ад лимина посета.

Интензивен дијалог, кој траеше речиси три часа, во кој Папата ги сослуша епископите, а потоа сосема спонтано разговараше. Ова беше срдечна средба на која се разговараше за надежите и потешкотиите на народот во таа јужноамериканска земја.

Епископите на Папата му подарија слика од свети Мартин од Порес, монах доминиканец, син на шпански аристократ и на поранешна црна робинка, со африканско потекло, кој од 1579 до 1639 година живее во Перу. За таа средба разговаравме со кардинал Хуан Луис Кипријани, надбискуп на Лима...

Папата нè поттикна да излеземе да ги бараме луѓето – рече кардинал Кипријани – да им останеме близу, затоа што бараат пастири кои ги разбираат нивните конкретни проблеми. Ни рече дека сака да дојде во Перу во текот на 2018 година, но датумот сè уште не е одреден. Тоа е вест која нè исполнува со радост.

Фрањо нè поттикна на – продолжување на ПРЕЛАТОТ – на обнова на народните побожности кои му се на срцето, како богородичната побожност и побожноста Крстен пат. Освен тоа нè повика да го живееме своето епископско единство. Ни даде апостолски и мисионерски поттик за пасторал на нежност и простување. Нашиот предизвик е – рече кардинал Кипријани – да се биде во состојба да се одговори на големото прашање за Бог, кое доаѓа од народот.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.