2017-05-18 11:25:00

Бискупот Стојанов го прими унгарскиот амбасадор


На 17 мај 2017 Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх монс. д-р Киро Стојанов, го прими унгарскиот амбасадор до Република Македонија Н.Е. Ласло Иштван Дукс.

Во пријатниот и средечен разговор, бискупот Стојанов најпрвин се осврна на животот и делувањето на Католичката црква во Република Македонија, при што го запозна амбасадорот подетално со активностите на Католичката црква.

На крајот од средбата бискупот Стојанов изразувајќи благодарност до амбасадорот г-дин Дукс за неговата посета, му посака се најдобро во неговата дипломатска мисија во Република Македонија.    

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.