2017-03-15 11:04:00

Папата на Твитер: Да се молиме едни за други


Папата Фрањо во последните денови на Твитер сподели кратки размислувања кои можат да помогнат во нашето одење во Великиот пост.

Така на 10 март 2017 година, по враќањето од своите годишни духовни вежби, напиша: „Да истраеме во Великиот пост со насмевка на лицето, да не бидеме мрачни.“ Следниот ден порача дека „патот од љубовта кон омразата е лесен, додека оној од омразата кон љубовта е тежок, но донесува мир.“

Минатата недела на својот профил на Твитер потсети дека „Великиот пост е погодно време за обновување на нашата средба со Христос, Кој престојува во своето Слово, светите Тајни и нашите ближни.“ На 13 март 2017 година напиша: „Нека Светиот Дух нѐ води по вистинскиот пат на преобраќање за повторно да го откриеме дарот на Божјото Слово,“ додека на 14 март 2017 година повика да се молиме едни за други „за да можеме да ја отвориме својата врата за слабите и сиромашните.“

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.