2017-03-06 16:19:00

Молитвена средба на жените од Апостолскиот егзархат


Во саботата 4 март 2017 година во организација на парохиите од Апостолскиот егзархат во Македонија, во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци се одржа Молитвено-духовна средба на жени, насловена „Молитвен осми март“, на која учествуваа жени од повеќе парохии.

На почетокот на средбата се обрати о. д-р Зоран Стојанов декан на деканатот „Свети Кирил и Методиј“ поздравувајќи ги сите присутни жени и свештениците од Апостолскиот егзарахт во Македонија. Тој во својот говор се осврна на големината и добрите дела направени од Света Мајка Тереза. За време на средбата пеењето го анимираа млади од Раодов. По краткиот наговор се молеше Крстен пат.

Потоа беше прочитано сведоштвото на еден лекар од Франција, кој бил атеист, но после едно истражување направено на жена која боледувала од смртоносен рак, но со силна вера во Спасителот Христос, тој се преобраќа и станува верен Христов следбеник. Истражувањето на докторот му ја покажала силата на молитвата.

Молитвениот дел заврши со наговор на о. Ѓорги Појразов, кој зборуваше на тема „Христијанинот има потреба од молитвата“.

Средбата заврши со заедничко агапе и дружење на жените во парохиската сала, подготвени од жените од парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Петралинци.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.