2017-02-24 15:31:00

Монс. Стојанов го посети Богословскиот факултет во Сараево


Во четврток 23 февруари 2017 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов, кој се наоѓа во повеќедневна посета во Босна и Херцеговина се сретна со деканот на Католичкиот богословски факултет (КБФ) во Сараево, монс. д-р Дарко Томашевиќ. Покрај деканот на средбата присуствуваа и монс. Мато Зовкиќ и о. д-р Миленко Крешиќ.

Бискупот Стојанов ги запозна соговорниците за животот на Црквата во Македонија и ги разгледаа можностите за соработка помеѓу институцијата КБФ од Сараево и Скопска бискупија, која е во состав на Врхобосанската митрополија.

Деканот Томашевиќ заедно со присутните професори во конструктивен разговор изразија подготвеност за пренесување на своето искуство и подршка на Католичката црква во Македонија, гледајќи на тоа како предизвик и еден нов облик во мисијата на КБФ.

Во знак на благодарност бискупот Стојанов на деканот Томашевиќ и присутните професори им ја подари монографијата „Црквата во пресрет“, која зборува за посетата на Македонија од страна на Државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пиетро Паролин.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.