2017-02-15 18:26:00

Папата: Го убиваш својот брат, ако имаш зло чувство кон него


Уништувањето на семејствата и народите започнува со мали љубомори и завист; треба на почетокот да се запре гневот кој го уништува братството – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 13 февруари 2017 година, во домот Света Марта.

Уништувањето на семејствата и народите започнува со мали љубомори и завист; треба на почетокот да се запре гневот кој го уништува братството – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 13 февруари 2017 година, во домот Света Марта, која ја служеше за патер Адолфо Николас, поглавар на Дружбата Исусова од 2008 до 2016 година. Патер Николас задутре се враќа на Далечниот Исток, каде повторно ќе се посвети на својата работа. Нека Господ го награди сето направено добро и нека го следи во новото послание – рече Светиот Отец. На славењето учествуваат членовите на Кардиналскиот совет, кои се собрани во Ватикан, на 18 заседание.

Братството разорено од мали работи

Во центарот на проповедта на Папата беше првото читање од Книгата Битие, кое говори за Каин и Авел. Овде прв пат во Библијата се спомнува зборот „брат.“ Станува збор за братски однос кој треба да расте, да биде убав, а завршува со уништување. Тоа е приказна која започнува со мала љубомора – рече Папата. Каин е лут, затоа што неговата жртва не му се допаднала на Бог и започнува во себе да го негува тоа чувство. Можел да го контролира, но не го направил тоа.

Каин се препушта на нагонот, го „готви“ во себе тоа чувство, зголемувајќи го, пуштајќи го да расте; тој грев кој подоцна ќе го направи, кој се стуткал зад чувствата и расте – рече папата Фрањо и додаде – Така растат непријателствата меѓу нас; започнуваат со некоја ситница, љубомора, завист, а после растат, и животот го гледаме само од тоа гледиште, и таа сламка за нас станува греда. Нашиот живот се врти само околу тоа, и тоа ја уништува братската врска, го уништува братството.

Гневот не е христијански

Така помалку станува преокупирани, прогонети од тоа зло кое се повеќе расте. Расте непријателството и секогаш завршува лошо – истакна Папата. Јас се разделувам од својот брат, тој не е мој брат, тој е непријател и тој треба да биде уништен, протеран... и така се уништуваат луѓето, така непријателствата ги уништуваат семејствата, народите, сѐ! Тоа се случило со Каин и на крајот го убива братот. Не, нема брат, само сум јас. Нема братство. Тоа што се случило на почетокот, се случува на сите нас; но тој процес треба веднаш да се запре, на почетокот, при првата повреденост. Навредата не е христијанска. Жалоста е, но навреда не е – истакна Папата.

Крвта на многу луѓе во светот вика од земјата

На светата Литургија во домот Света Марта присуствуваа и неколку нови пароси, затоа папата Фрањо им се обрати, истакнувајќи: И во нашите презвитериуми, во нашите бискупски собири, колку поделби токму така започнуваат! – истакна и даде пример – Зошто нему му го дале тоа место, а мене не? Така со тие мали работи... расцепи... се уништува братство. А Бог прашува: „Каде е брат ти Авел?“ Каин иронично одговара: „Не знам. Зарем ја сум чувар на својот брат?“ Да, ти си чувар на својот брат – истакна Папата и додаде – А Господ продолжува: „Гласот на крвта од братот твој вика од земјата кон Мене.“

Секој од нас може да каже дека никогаш никого не убил. Но, ако имаш зло чувство кон својот брат, си го убил; ако го навредуваш својот брат, си го убил, си го убил во своето срце. Убивањето е процес кој започнува со мали работи – рече папата Фрањо. Колку моќници на нашата планета можат тоа да го кажат... – рече Папата – Мене ме интересира таа територија, тој дел на земјата... Ако падне бомба и убие 200 деца, не е моја вина; виновна е бомбата. Мене ме интересира територијата...

А сѐ започнува од онаа чувство кое те доведува до тоа да се одвоиш (...) и сѐ завршува со војна која убива. Но, на почетокот ти си убил – рече Светиот Отец – Тоа е процес на крвта, а крвта на голем број луѓе денес вика кон Бог од земјата. Сето тоа е поврзано. Таа крв, можеби само капка крв, сум ја поттикнал со својата завист, со својата љубомора, кога сум го уништил братството.

Јазикот кој го уништува ближниот

Светиот Отец на крајот упати молитва до Господ, да ни помогне да си го повторуваме прашањето: Каде е твојот брат?, да ни помогне да мислиме на оние кои ги уништуваме со јазикот и на сите оние со кои се постапува како со предмети, а не како со браќа, затоа што поважен е делот од земјата, отколку братската врска.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.