2017-01-27 11:22:00

Папата на твитер пишува за единството на христијаните


Пораките на папата на твитер во последната недела првенствено беа во знакот на Молитвената осмина за единство на христијаните.

Така на 18 јануари 2017 година порача дека „од блискоста на нашата вера во Исус Христос доаѓа нашата потреба да се биде обединети со Него.“ Следниот ден Светиот Отец напиша: „Повикуваме единство на христијаните затоа што го повикуваме Христос. Сакаме да го живееме единството: сакаме да Го следиме Христос и да живееме во Неговата љубов.“ Минатиот петок на 20 јануари 2017 година истакна дека „единството на христијаните не е плод на нашите човечки напори, туку дар кој доаѓа одозгора,“ а во недела на 22 јануари 2017 година напиша дека „единството на љубовта се остварува кога заедно навестуваме чуда кои Бог ги направил за нас.“ На последниот ден од Молитвената осмина за единство на христијаните, 25 јануари, папата Фрањо ја упати следната порака: „Сакам да повторувам дека христијанското единство се остварува со заедничко одење, средба, молитва и навестување на Евангелието.“

Но, Светиот Отец на 23 и 24 јануари 2017 година вниманието го насочи на друго важно прашање, а тоа е комуникацијата. Во понеделник ја напиша следната порака на твитер: „Не плаши се затоа што Јас сум со тебе. Да комуницираме со надеж и доверба во нашето време!“, а следниот ден порача: „Да им понудиме на мажите и жените на нашето време приказни кои се обележани со логиката на добрите вести.“ Двете пораки на твитер се напишани по повод Пораката на Папата за 51. Светски ден на медиумите, објавена на 24 јануари 2017 година. Во пораката папата Фрањо се фокусира на темата „ Да комуницираме со надеж и доверба во нашето време“, а во неа ги поттикнува медиумските работници да бидат „живи канали“ на Евангелието, кое ги осветлува и најдраматичните настани во историјата.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.