2017-01-17 10:06:00

Папата во посета на парохијата Света Марија Сетевиле


Светиот Отец на 15 јануари 2017 година околу 15.00 часот од Ватикан се упати кон парохијата Света Марија Сетевиле во Гвидони, каде пристигна околу 15.40 часот. Папата го посети дон Џузепе Бернардино, тешко болен свештеник кој пред својата болест (нешто повеќе од две години) беше многу ревен и rado viđeи сакан свештеник. Во текот на 10 минутната средба, папата Фрањо на дон Џузепе, кој е имобилизиран во кревет и кој не е во состојба да зборува, тивко му упати зборови на утеха, по што му ја подели светата Тајна Елеопомазание на болните.

Потоа следуваше посетата на 30 болни и стари лица, потоа средба со млади кои се подготвуваат за миропомазание, со оние кои неодамна ја примиле, како и со група извидници. Потоа следуваше средба со 45 ново крстени деца (крстени во 2016 година), на чии родители им ја нагласи важноста на семејството. На крајот, Папата се сретна и со соработниците во пасторалот кои му помагаат на парохот, на кои им даде различни совети, задржувајќи се претежно на вредностите на христијанското послание.

Откако ги поздрави свештениците и петмината богослови, папата Фрањо се упати кон сакристијата каде пред евхаристиското славење исповеда неколку луѓе.

Во проповедта на светата Литургија во парохијата Света Марија Сетевиле во Гвидони, Светиот Отец зборуваше за литургиското Евангелие кое говори за сведоштвото на Иван за Исус.

Во проповедта на светата Литургија во парохијата Света Марија Сетевиле во Гвидони, Светиот Отец коментирајќи го литургиското Евангелие кое говори за сведоштвото на Иван за Исус, рече дека некои ученици на Иван слушајќи го сведоштвото на Крстителот тргнале по Исус и своето задоволство го изразиле со зборовите: „Го најдовме Месијата(Иван 1, 41). Тие се сретнале со Исус затоа што слушнале и поверувале на сведоштвото на Иван – истакна Папата додавајќи:

Така се случува и во нашиот живот. Има многу христијани, свештеници и епископи кои исповедаат вера во Исуса. Дали сите го сведочат Исуса или се „така наречени“ христијани или следбеници на некоја филозофија? Христијанин сум, се покорувам на заповедите, треба да го правам ова и ова, како навивачите на некој фудбалски тим. Христијанскиот живот не се состои во почитувањето на некои обичаи; да се биде христијанин најпрво значи да се сведочи Исус, што правеле апостолите, затоа Евангелието се шири по целиот свет – рече Светиот Отец.

Говорејќи пак за сведоштвото на апостолите, Папата рече дека сите биле грешници; го негирале и предале својот Учител. Биле грешници, а сепак биле Исусови сведоци. Сведоштвото и мачеништвото е иста работа. Некои за Исус сведочат во секојдневниот живот, а некои го сведочат со жртвувањето на сопствениот живот. Сите апостоли, како и ние, грешеле. Петар првиот Папа, го негирал Исус. По чудесниот услов на риба, Исус на Петар му рекол: „Оди си од мене Господи, јас сум грешник.“ Да бидеме сведоци не значи да бидеме свети, туку значи да се признае дека Господ е Спасител – објасни папата Фрањо.

Би сакал да ви оставам една порака, продолжи Светиот Отец. Сите го сфативме тоа што го зборував за сведоците и грешниците. Читајќи го Евангелието, кај апостолите не забележувам меѓусебно озборување. Некои биле склони на насилство, некои на предавство, некои се плашливци, но не биле озборувачи. Еден со друг не се озборувале. Сите сме грешници, но ако во некоја заедница има озборување и муабетчии, тогаш таа не е способна да го сведочи Исус – рече Папата додавајќи:

Ако заедницата сака да биде совршена, тогаш мора да го отстрани озборувањето. Ако имаш нешто против некого кажи му во лице или кажи на парохот затоа што според Евангелието Исусовите сведоци сите по ред се грешници, меѓусебно не се озборувале. Ако во една парохија нема озборување, тогаш е совршена; во неа грешниците се сведоци. Така сведочеле првите христијани: Взаемно се сакале. Започнете со взаемна љубов. Нека Господ ви даде милост едни со други да не се озборувате – заврши Папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.