2016-12-30 09:27:00

Кардинал Рилко именуван за архипрезвитер на базиликата Света Марија Велика


Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 28 декември 2016 година објави дека папата Фрањо го именува полскиот кардинал Станислав Рилко за нов архипрезвитер и управител на папската базилика Света Марија Велика во Рим.

Кардинал Рилко ќе го наследи досегашниот архипрезвитер на базиликата 81 годишниот кардинал Сантос Абрил и Кастело.

Полскиот кардинал – пред основањето на новата Дикастерија за лаици, семејство и живот на 1 септември оваа година – беше на чело на Папскиот совет за лаици.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.