2016-12-28 10:28:00

Папата ослободи стотина затвореници


Според извештаите на медиумите властите во Никарагва на 19 декември 2016 година помилувале 557 затвореници по повод неодамна завршената Година на милосрдието.

Апостолскиот нунциј во Никарагва надбискупот Фортунатос Нвачукву објасни дека претседателот Даниел Ортега на тој начин ја исполни молбата на папата Фрањо. Портпаролот на владата Росарио Мурило изјави дека меѓу ослободените 52 се жени.

Додаваме дека се ослободени само оние затворенции кои се осудени на казна затвор до пет години и воедно издржале поголем дел од казната.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.