2016-12-28 13:20:00

Папата: Исус нѐ повикува избереме светлина и живот


Божиќната радост и денес – додека литургиски го прославуваме мачеништвото на свети Стефан Првомаченик – ги исполнува нашите срца. Славно е тоа сведоштво на христијанско мачеништво поднесено од љубов кон Исус Христос; мачеништвото кое во историјата на Црквата продолжува – од Стефан па до нашите денови – рече во воведот на својот пладневен наговор папата Фрањо пред присутните на плоштадот Свети Петар.

За оваа сведоштво ни говори и денешното Евангелие. Исус им навестува на учениците за отфрлањето и прогонствата со кои треба да се сретнат. И ќе бидете намразени од сите заради Моето име. (ред 22) Светот ги мрази христијаните од истата причина од која го мразел Исус, затоа што Тој ја донесе Божјата светлина, а светот ја сака темнината за да ги прикрива своите зла дела. Заради тоа постои голема спротивставеност помеѓу менталитетот на Евангелието и менталитетот на светот. Да се следи Исус значи да се следи неговото светло запалено во Витлеем; и да се напушти темнината на светот – рече папата Фрањо.

Првомаченикот Стефан полн со Светиот Дух е каменуван заради тоа што ја исповедувал својата вера во Исус Христос, Синот Божји. Единородниот доаѓа на светот за да го повика секој верник да го избере патот на светлината и животот. Тоа е значењето на неговото доаѓање помеѓу нас. Љубејќи Го Господ и слушајќи го неговиот глас ѓаконот Стефан го избира Христос, Животот и Светлината за секој човек. Избирајќи ја вистината, Тој истовремено станува и жртва на тајната на злото присутно во светот. Но, во Христос Стефан победил – објасни Папата.

И денес Црквата за да ја посведочи светлината и вистината во различни подрачја во светот поднесува немилосрдни прогони, па се до искушението на мачеништвото. Колку наши браќа и сестри во верата поднесуваат насилство и ги мразат заради Исус! Денес сакам да размислуваме за нив и да им бидеме близу со своите чувства, молитвата, па и со плачењето. Без оглед на искушенијата и опасностите тие ја сведочат храбро својата припадност кон Христос и го живеат Евангелието заземајќи се во корист на последните, најзапоставените, правејќи им добро на сите ја сведочат љубовта во вистината – рече папата Фрањо.

Давајќи Му простор во своето срце на Синот Божји Кој на Божиќ ни се дарува да ја обновиме радосната и храбрата волја верно да го следиме како единствен пат, истрајувајќи во живеењето согласно менталитетот на Евангелието и одбивајќи го владејачкиот менталитет во овој свет. На Девица Мариј,а Мајка Божја и Царица на мачениците да им ја принесеме својата молитва, секогаш да нѐ води и поддржува на нашиот пат во наследувањето на Исус Христос за Кој контемплираме во јаслите и Кој е верен сведок на Бог Отецот.

Папата по Ангел Господов изрази жалење и сочувство заради вестите за трагедијата на рускиот воен авион кој се урна во Црното Море, а во која животот го загубија 92 луѓе, а меѓу нив бил и врвниот хор на руската војска кој по повод 26 годишнината од понтификатот на свети Иван Павле II во 2004 година настапи во Ватикан. Потоа присутните ги повика кратко да се помолат за жртвите на несреќата, молејќи за утеха на саканиот руски народ на посебен начин за роднините на настраданите.

Во атмосфера на христијанска радост која извира од Исусовото раѓање ве поздравувам вас и ви благодарам за вашето присуство. На сите вас од Италија и различните краишта во светот повторно посакувам мир и ведрина: нека овие денови бидат за вас и за сите ваши семејства, денови на радост и братство. Ги поздравувам и им честитам на сите луѓе кои го носат името на свети Стефан! „Овие денови примив многу честитки од целиот свет. Бидејќи невозможно е да одговорам на сите посебно сакам денес на сите да изразам чувство на благодарност посебно за дарот на вашите молитви. Ви благодарам од срце! Среќни празници! Сепак не заборавајте, ве молам да се молете за мене! – рече на крајот од пладневниот наговор Светиот Отец.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.