2016-12-28 10:58:00

Божиќна света Миса во Велес


На 24 декември 2016 година во католичка капела „Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица“ во Велес е прославен празникот на Христовото Рождество-Божиќ.  Светата Миса ја предводеше дон Јошт Мезег, капелан во парохијата „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје,.

На светата Миса покрај верниците од Велес присуствуваше и сестра Ангелина Јаковиќ, од Дружбата Ќерки на Божјата љубов.

По завршувањето на Мисата верниците се задржаа во заедништво, честитајќи си го меѓусебно празникот на Раѓањето Христово.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.